Внимателно по долината на Радика
„Македонија пат“ препорачува внимателно возење по долината на Радика откако и вчераноќ, по 24 часот, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар имаше големи одрони на камења и земја. На критичното место, во непосредна близина на Сенечки мост, движењето на возила во двете насоки е забрането. По чистење на наносите, се користи само една коловозна лента. Дополнителен проблем е поплавениот пат поради обилните врнежи што не престанаа да паѓаат триесетина часа. Дежурна екипа на „Македонија пат“ постојано ја одржува оваа делница. (К.К.) |