Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

Охрид со нов кредит ќе враќа стари долгови

Со нов кредит кај комерцијалните банки Охрид ќе ги враќа старите долгови, реши е��ногласно Советот на Општината. Долговите го попречуваа развојот на општината и го спречуваа влезот во фискална децентрализација. Како што стои во одлуката на Советот, се работи за долгорочно кредитно задолжување во износ од 360 милиони денари, со годишен ануитет за исплата од 15 отсто од буџетот на општината.

Претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, на вчерашната прес-конференција појасни дека кредитот ќе се искористи за исплата на обврски по извршни решенија со кои е блокирана општинската сметка.

„Според одлуката на Владата, задолжувањето може да биде најмногу до висина на еден буџет. Општина Охрид оди некаде до нешто повеќе од половина буџет. Годишните ануитети исто така со владината одлука е дозволено да бидат 30 проценти, а ние одиме со 15 проценти од висината на буџетот“, рече Јаковчески. Тој нагласи дека задолжувањето нема многу да ја оптовари локалната самоуправа, а ќе биде доволно за да се сервисираат долговите.

Општина Охрид со години се соочува со тешкотии во финансирањето поради наталожените долгови, кои моментално изнесуваат околу седум милиони евра. (К.Ч.)


#
Статијата е прочитана 256 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Внимателно по долината на Радика
Здравството скапува
Заразените од ХИВ вирус мака мачат за помош
За државата и десерт, а општините на диета
Уште една зграда за социјалци во Штип
Канцеларија за соработка
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society