Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Шредер ја обвини Грузија за борбите

Не верувам дека Русија води политика на анексија и дека ќе има враќање на претходниот статус во Јужна Осетија и Абхазија

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ја обвини Грузија за поттикнување на непријателства со Москва и навести дека нејзините отцепени региони не можат да останат дел од Грузија по жестоките борби што се водеа минатата недела. Во интервјуто за германскиот неделник „Шпигел“, Шредер, исто така, го критикуваше Запад за неуспесите во неговите постапки со Русија и ја повика Европа да ги зајакне своите врски со Москва. Шредер разви блиски односи со поранешниот руски претседател Владимир Путин за време на седумгодишниот мандат како канцелар, а сега е претседател на германско-рускиот конзорциум кој го гради големиот цевковод за транспорт на гас под Балтичко Море. „Не верувам дека Русија води политика на анексија и исто така не верувам дека ќе има враќање на претходниот статус кво за Јужна Осетија и Абхазија“, изјави Шредер, осврнувајќи се на сепаратистичките грузиски региони. „Тоа не доаѓа предвид“.

И двата региона се меѓународно признати како дел од Грузија, но тие и се лојални на Москва, а нивните лидери долго време се обидуваат да добијат независност од Тбилиси. Ставот на Шредер изгледа не е во согласност со оној на германската канцеларка Ангела Меркел и на САД каде и двете страни посочија дека регионите мора да останат дел од Грузија.

Берлин, Вашингтон, Лондон и домаќинот на поранешните советски сателити во централна Европа го осудија како диспропорционален воениот одговор на Русија во конфликтот. „Почетната точка на воената конфронтација беше влезот на грузиските војници во Јужна Осетија. Не треба да ги мешаме работите“, изјави Шредер, на прашањето кој е одговорен за почетокот на насилствата меѓу руските и грузиските сили. Тој се сомнева дека САД, силниот сојузник на Грузија, не бил информиран за почетната грузиска офанзива со оглед на фактот дека има воени советници стационирани во Тбилиси.

„Според мое мислење, бевме сведоци на големи грешки од страна на Запад во неговата политика спрема Русија“, изјави Шредер. Тој апелираше до ЕУ да продолжат со плановите за потпишување на „стратешко партнерство“ со Москва, посочувајќи дека Европа ризикува да го загуби влијанието и да ја сврти Русија кон Кина, ако не соработува со Кремљ. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 657 пати.

Испрати коментар

Од: petre
Датум: 18.08.2008 09:03:02
etem inalo i razumni lugje na zapadot a ne samo lazlivi neo-konzervativci.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Цвангирај се согласи да биде премиер, а Мугабе да остане претседател
Сто жени дипломира на ирачката полициска академија
Кратката војна на Кавказот изеде милијарди
Украина го нуди својот радар на Европа
Грузиските шпиони обвинети за воениот пораз
Малата Медлин умрела во соба, родителите ја чуваат во фрижидер?
Лидерот на маоистите премиер на Непал
Претстои лансирање ирански сателит
Бугарскиот принц падна во кома пo сообраќајкa

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.