Во Гори, градот во кој е роден Сталин, Американците изградија современ центар за радиоелектронска борба
МОСКВА - За воениот пораз на Грузија во кратката војна против 58-та руска армија воените аналитичари сега се погласно ја критикуваат грузиската разузнавачка служба која не направила објективни анализи, па претседателот Михаил Саакашвили навистина поверувал дека за многу кратко време ќе ги освои Јужна Осетија и Абхазија. Дали за тој пораз цената ќе ја плати Гела Бежуашвили, шеф на надворешната разузнавачка служба и поранешен министер за надворешни работи на Грузија допрва треба да се види.
Факт е дека грузиските разузнавачи се поразени, а десетина нивни агенти се уапсени на југот од Русија. Тие биле упатени кон Северен Кавказ за таму да собираат информации, да го следат движењето на руската армија, да ја снимаат ситуацијата на клучните патишта и секако да врбуваат соработници. Еден од шефовите на агентурата изнајмил кафеана за да има покритие за престојот на Кавказ. Меѓутоа полицијата го следела тој нов „кафеанџија“ . Русите навреме ја открија таа група и го снимија нивното апсење што беше прикажано на сите ТВ канали.
Еуфоричниот Михаил Саакашвили сфати дека војнички е поразен кога руската авијација му ги откина „американските уши“. Многумина не можеа да сфатат зошто руската авијација толку упорно го бомбардираше родното место на Јосиф Висарионович Сталин. Таму се наоѓаше една од главните грузиски воени бази во која имаше многу тенкови и артилериско оружје, меѓутоа приоритетна цел на руската авијација беше главниот грузиски разузнавачки центар. Во Гори, Американците изградија современ центар за радио-електронска борба што го користеа грузиските разузнавачи. Од тој шпионски центар можеа да го контролираат просторот на Јужна Осетија. Во местото Кеви беше стациониран комплекс на радарски станици или како што експертите велат „радиолокатори“ како и „теренски уреди“ на воената разузнавачка служба. Кога руската авијација ги уништи главните објекти тогаш руските тенкови дополнително направија „длабоко орање“ па воените американски експерти во Вашингтон мораа да им признаат на новинарите дека Саакашвили можеби навистина не знае што му се случува во единиците на фронтот.
На друга страна некои пензионирани генерали ја критикуваат руската воена разузнавачка служба ГРУ дека навреме не сигнализираше оти кон Јужна Осетија одат голем број на грузиски тенкови и други оклопни возила. Пензионираниот генерал на армијата и сегашен претседател на Академијата за воени науки Махмут Гараев смета дека потфрли руската разузнавачка служба бидејќи ги потцени плановите на Саакашвили. Поради тоа, истакнува генералот Гараев имаше многу жртви меѓу руските мировници.
Поранешниот командант на руската авијација генералот Пјотар Дејнекин вели дека руската армија на почетокот непотребно им ја препушти иницијативата на Грузијците. (Б.В.)
E pa sega Saakasvili neka se slika... si go papa ubavo i seta pred kamerite, a sirotiot narod go turna vo beda i mizerija... neka ima poddrska od lepoticata Kondoliza... dzabe mu e...
Од: Coce
Датум: 18.08.2008 06:11:10
Posle vojnata site generali se pametni.Pa Rusite pokazaa kako se stignuva do celta za samo dva dena dodeka na NATO za istata cel im trebaa meseci vo Srbija.Ili e Srbija jaka ili e NATO slab.
Од: Петар
Датум: 18.08.2008 16:19:21
Сакале ние да признаеме или не, г-нот Путин е Руски Хитлер на 21 век, а ситуацијата во Грузија наликува на онаа кога Германија се поигруваше со своите кутри соседи.
Демек кој има најмногу мускули односно тенкови ке владее во малото. Тоа не е демократија. За потсетување Грузија има само 4 милиони жители. Тие само сакаат да си ја владеат својата територија во целина, да ги средат сепаратистите, нешто како кај нас 2001 година.