Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Малата Медлин умрела во соба, родителите ја чуваат во фрижидер?

Извесен Дуарте Леви бара 50.000 фунти за 24 фотографии кои покажувале дека се виновни родителите

Французинот Дуарте Леви побарал пари од британското списание „Пипл“за фотографии на кои наводно се гледа како Кејт и Гери Мекејн се вмешани во исчезнувањето на ќерката малата Медлин. Семејството Мекејн „е шокирано и скршено со свирепоста на човекот кој се обидува да добие добивка од нивната агонија“, а згрозени се и од „гнасните обвиненија“ кои Леви ги изнесе на нивна сметка.

Леви за „бомбастичните фотографии“ побарал 50.000 британски фунти и наведе дека на фотографиите е видливо „сомнителното пресоблекување на Кејт Мекејн ноќта кога Меди исчезнала“. Тој додал дека 24-те фотографии кои ги поседува, ги оспоруваат исказите на Гери Мекејн и на еден нивни пријател со кој Мекејнови таа кобна ноќ биле на вечера.

„Овие фотографии се толку бомбастични што ќе ја принудат полицијата одново да поведе истрага во врска со исчезнувањето на Медлин“, рекол Леви. „Пипл“ одби да ги купи фотографиите, а за обвинувањата и за наводните фотографии разговарале со портпаролот на семејството Мекејн, Кларенс Мичел, кој Леви го нарекол „удрен фанатик“.

Еден од новинарите на „Пипл“ се состанал со Леви во хотел во Брисел. „Ќе им ги продадам фотографиите на најдобриот понудувач. Ги добив преку свои врски“, му рекол Леви (човек на возраст од 40 години) на новинарот кого го информирал дека веќе продал некои информации и фотографии од малата Меди за неколку десетици илјади фунти.

Според неговите зборови, фотографиите кои ги нуди моментално ги прикажуваат Кејт, Гери и еден нивни пријател како се пресоблекуваат. „Фотографиите се сликани меѓу 20,10 и 22,15 часот, што покажува дека Мекејнови дале лажен исказ во полицијата. Навистина се бомбастични. Мислам дека Медлин умрела во несреќен случај во хотелската соба и тогаш тие нејзиното тело го префрлиле во град каде го држат во фрижидер“, рекол Леви.

Леви наведува дека фотографиите ги снимил еден шпански турист на кого подоцна му е украдена камерата, која тој пак подоцна наводно легално ја купил. Тој се обидел да го убеди новинарот дека некоја позната адвокатска британска компанија му понудила 600.000 евра за фотографиите, но дека тој одбил, бидејќи адвокатите не го прифатиле неговото барање - копии од тие фотографии да и' се достават на полицијата. (Индекс.хр.)


Статијата е прочитана 1435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Цвангирај се согласи да биде премиер, а Мугабе да остане претседател
Сто жени дипломира на ирачката полициска академија
Кратката војна на Кавказот изеде милијарди
Украина го нуди својот радар на Европа
Грузиските шпиони обвинети за воениот пораз
Лидерот на маоистите премиер на Непал
Шредер ја обвини Грузија за борбите
Претстои лансирање ирански сателит
Бугарскиот принц падна во кома пo сообраќајкa

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.