Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Лидерот на маоистите премиер на Непал

До пред две години Прачанда илегално дејствуваше како милитантен лидер

КАТМАНДУ - Членовите на парламентот од Непал со големо мнозинство во избраа лидерот на маоистите Прачанда за нов премиер на државата. Прачанда (53) освои 80 отсто од гласовите и го порази единствениот негов ривал кандидатот на Конгресната партија Шер Бахадур Деуба. Маоистите освоија неочекувана победа на изборите во април а уште две други клучни партии ја дадоа својата поддршка за Прачанда. Минатиот месец во Непал беше инаугуриран претседателот Рам Баран Јадав чија што функција главно е церемонијална откако монархијата во мај беше урната. Ова се случува само две години откако Прачанда излезе од повеќе од дведецениското илегално дејствување како милитантен комунистички лидер.

„Јас сум многу среќен и многу емотивен“, рече тој откако го напушти конститутивното собрание по гласањето, објави новинската агенција АФП. Она што Маоистите го нарекуваа нивна „народна војна“ остави зад себе 13.000 жртви, десетици илјадници раселени и голем дел од инфраструктурата на државата во урнатини. Дописникот на Би-Би-Си во Катманду јави дека сега поранешниот герилец ќе биде најмоќниот политичар во оваа хималајска држава откако 464 законодавци му ја дадоа поддршката, а само 113 беа против.

Заменик лидерот на маоистите Бабурам Батараи изјави: „Денес е ден на гордост и ќе биде испишан со златни букви во историјата на нашата држава“. Тој претходно предвиде дека Прачанда ќе биде лидер „за новата ера“ споредувајќио го со Ленин или Наполеон. Гласањето што се одржа во петокот и стави крај на неколкумесечната политичка криза што уследи по соборувањето на непопуларниот крал Гјанендра и аболиција на 240-годишнатга монархија. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 110 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Цвангирај се согласи да биде премиер, а Мугабе да остане претседател
Сто жени дипломира на ирачката полициска академија
Кратката војна на Кавказот изеде милијарди
Украина го нуди својот радар на Европа
Грузиските шпиони обвинети за воениот пораз
Малата Медлин умрела во соба, родителите ја чуваат во фрижидер?
Шредер ја обвини Грузија за борбите
Претстои лансирање ирански сателит
Бугарскиот принц падна во кома пo сообраќајкa

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.