Претстои лансирање ирански сателит
Техеран - Првиот ирански сателит ќе биде лансиран во орбитата во следните неколку дена, со ракета-носач, што ја создадоа иранските научници.
Ова го најави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, според кого лансирањето ќе се изведе до крајот на следната недела.
„Американските санкции што траат 28 години, имаа благотворно влијание за развојот на науката и технологијата на Иран, изјави Ахмадинеџад. Тој уште еднаш потсети дека Иран нема да отстапи пред притисокот и ќе продолжи да ја развива нуклеарната технологија. (Макфакс) |