Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

„Мајкрософт“ отвора 9.000 работни места

Дон Грантам, новиот директор на „Мајкрософт“ за Централна и за Источна Европа, најави дека компанијата во информацискиот сектор во Бугарија до 2013 година ќе ангажира 9 илјади стручњаци.

Грантам во изјава за софискиот весник „Стандард“ истакнал дека компанијата предвидува бројот на новите работни места да се зголеми со најмалку од 4,3 отсто годишно до 2013 година.

„Мајкрософт“ досега инвестираше во Бугарија повеќе од 1,2 милијарди долари, вработи повеќе од 12 илјади работници и врз основа на долгорочна стратегија до 2013 година планира пораст на приходите во просек од 7,5 проценти годишно.

Освен информациската технологија, приоритет на „Мајкрософт“ во Бугарија се и образованието и социјалната сфера. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1214 пати.

Испрати коментар

Од: Обсервантес
Датум: 01.11.2010 12:06:50
Само да не бидат како 3.000 вработувања на Заев во американската фирма која сакала да работи во Струмица.
Од: robert
Датум: 01.11.2010 12:57:52
Proverete si gi brojkite. Microsoft vrabotil 12 000 lica vo Bugarija ?!?!
Од: Aaron
Датум: 01.11.2010 13:16:51
Nemojte g-ne Grantam, ne znaete li deka Makedonija ke bide najgolemiot informcenter na Balkanot? Ne chitate li nashi vesnici, nemate li makedonska TV da nauchite i vie neshtu?
Од: Професорка
Датум: 01.11.2010 13:35:14
Браво за Бугарија. Е ова е инвестиција. А ние на последно место во Европа, да си го чуваме името ФИРОМ и да си обезбедуваме гласови ДПМНЕ на лаги. Нека проценат “патриотите“ каде не водат и чие сценарио одработуваат.
Од: Трпе
Датум: 01.11.2010 18:13:44
Ова многу ми наликува ,како во седумдесетите години во минатиот век,кога текстилот од север се префрли на балканот,поради ефтината работна рака.А сега побегна на исток.На здравје современи робови,тоа се резултатите на сериозните и способни владетели.

Најди! во Утрински
Економија
Заврши најкатастрофалниот гроздобер
Остануваат ли пари за штедење?
За една година дури 20.000 помалку невработени
Нашите банкари денес ќе го слават Светскиот ден на штедењето
Повеќе транспортни дозволи
УЈП казни 12 објекти во Крушево






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU