Повеќе транспортни дозволи
Македонските превозници добија 200 дополнителни дозволи за превоз на стока за Словенија. За 2011 година бројот на дозволите што ќе се разменат е 1.000, а од 2012 година треба целосно да се либерализира превозот и да се врши без дозволи. Ова е договорено на состанокот на мешовитата Комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стоки меѓу Македонија и Словенија, на кој е потпишан и Протоколот за транспортните дозволи, соопшти Министерството за транспорт и врски. Дозволите ќе важат за превоз во двете насоки (МИА) |