Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Заврши најкатастрофалниот гроздобер

Околу триесет милиони килограми грозје заминаа во неповрат

Ангел Данов


Кавадарци - Петнаесет милиони килограми винско грозје остана на нивите необрано, а уште десетина милиони килограми скапа поради задоцнета берба. Тиквешијата годинава го запиша најкатастрофалниот гроздобер во историјата. Со максимални напори, по кал и по дожд, лозарите во октомври правеа натчовечки напори да присоберат од останатиот род. Стручњаците проценуваат дека лозарите во своите дворови оставија и по 20 тони грозје за печење ракија и за производство на традиционални производи од грозје. Велат дека толкава количина грозје досега никогаш не останала за домашно производство. Во секој двор мириса на комиње и на чад од казаните, а масовното печење ракија ја секна водата за пиење, бидејќи казаните се разладуваат со вода од водоводниот систем.

Најголемата винарска визба „Тиквеш“ годинава ги затвори своите капацитети за прием на винско грозје, а, исто така, годинава немаше ниту позначителен извоз на грозје. „Дваесет тони грозје да се остават за сопствени потреби - е непознато во историјата на лозарството во Тиквешијата. Лозарите, покрај каците, ги користеа и сите други садови за да го соберат и да го сомелат грозјето и да започнат производство на ракија, вино и други преработки од грозје. Годинава, покрај големи количини ракија, ќе се произведат и големи количини домашно вино“, вели м-р Диме Златев, кој е пријатно изненаден од квалитетот на виното што го произведуваат лозарите во семејните винарници.

Познавачите велат дека државата треба да размислува за субвенционирање на семејните винарски визби. Колку повеќе семејни винарници, толку поголема перспектива за лозарството. Ако не се оди во тој правец, црно му се пишува на лозарството од кое живее најголемиот дел од Тиквешијата, коментираат нашите соговорници.

И лани и годинава извозот на винско грозје е незначителен. Податоците покажуваат дека во 2008 година за извоз заминале 17.150 тони грозје, додека најголем извоз е забележан во 2007 година кога 38.620 тони македонско грозје се пласирале надвор од границите.

И додека лозарите се снаоѓаа како што знаат и умеат, со годинашниов род се' уште немаат земено пари за ланското грозје и за бербите од претходните години. За исплата на годишната реколта никој ништо не зборува. Ветените субвенции од државата се' уште не легнаа на сметките на лозарите, а дополнителните субвенции за килограм предадено грозје ќе се исплатат откако ќе се средат административните процедури.

Лидерот на „Агротиквешија“, Љупчо Аризанов, информира дека деновиве имале состанок во Министерството за земјоделство каде што се разговарало околу исплатата на субвенции. Вели дека се правеле напори државата да започне да ги исплаќа ветените 40.000 денари по хектар лозов насад, но се' уште без прецизен рок кога. По два денара за килограм грозје, покрај лозарите што го предадоа грозјето во домашни винарници, ќе им биле исплатени и на лозаропроизводителите што го дале грозјето за извоз. Лозарите макотрпно работеа годинава, но, по се' изгледа, бадијала. Живеат на вересија. Се жалат дека не можат да ги покријат сметките за струја, вода... а дека тешко им оди и со обезбедување храна и облека за своите фамилии. Должат и во земјоделските аптеки, а велат дека без пари не можеле да подготват ниту зимница. На шега велат, ќе пиеме ракија и ќе мезиме вино.

Производителите на грозје уште отсега стравуваат за следната сезона. Стравот е огромен дека ќе биде полошо, па затоа и се' повеќе се размислува за копачење на лозјата или за продажба. Се продаваат лозја, но нема заинтересирани купувачи. Големите количини ракија ќе стојат во домашните визби и ќе се чека на пласман. И покрај дополнителната работа и нервоза, пари нема да земат веднаш.


#
Статијата е прочитана 870 пати.

Испрати коментар

Од: mimi
Датум: 01.11.2010 21:36:50
nema pari nema subvencii lazat i vinariite i vlasta na se se stava kamati a zosto na parite sto gi cekame 1 godina i poveke ne stavat kamata
Од: demokrat zemjodelec
Датум: 02.11.2010 08:26:12
Da se iskopacat lozjata ,a sto ke se sadi, ne odat jabolkata gradinarskite kulturi zimi ovaa godina se prodava zitoto bez cena odnosno so nikakva cena . Vo zemjodelieto vo ovaa zemja korist samo zelenata mafija trgovcite albanci i prerabotuvacite koi zimaat ama da platat nikako ili na 31 februar.

Најди! во Утрински
Економија
Остануваат ли пари за штедење?
За една година дури 20.000 помалку невработени
Нашите банкари денес ќе го слават Светскиот ден на штедењето
„Мајкрософт“ отвора 9.000 работни места
Повеќе транспортни дозволи
УЈП казни 12 објекти во Крушево






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax