Скапите чанти и часовници одат како алва
Познатите светски модни куќи и производители на луксузна стока задоволно ги тријат рацете, благодарение на растот на побарувачката во земјите чии пазари бележат пораст, пред се', Кина. Нивниот квартален резултат ги надмина очекувањата на аналитичарите, така што би можело целосно да сметаат на многу успешна 2010 година.
Претходната година за производителите на луксузна стока беше најслаба во последниве две децении, така што не чуди што аналитичарите и компаниите беа резервирани во процените за 2010 година.
Сепак, излезе дека можностите во овој сектор се многу добри, благодарение во голема мера на се' побогатите Кинези, кои многу купуваат скапи костуми, чанти и часовници.
Францускиот производител на луксузна стока „Луј Витон“, кој е сопственик на највредната европска марка за оваа година, објави зголемување на приходите за 23 отсто, на 5,1 милијарда евра во третото тримесечје, благодарение на растот на популарноста на неговите производи во Кина и на ослабнатото евро.
Овој резултат ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа приход од 4,9 милијарди долари. Во изминативе девет месеци Витон оствари промет од 14,2 милијарди долари, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите за повеќе од 200 милиона долари. (Ек.Р.) |