Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Eкономијата ќе тргне cо радикални мерки

Само со радикални, болни мерки може да се преструктуира стопанството и да се придвижи македонската економија, која во последните 20 години е речиси бетонирана на дното, порачаа учесниците на вчерашната јавна расправа „Време е за промена на досегашниот модел на економски развој“.

Според Илија Гечев, сопственик на „ИГМ Кавадарци“, досегашните промени биле само козметички. „Немаше генерации што создаваа фабрики, сите влегоа во политика. Затоа, меѓу другото, Македонија нема обучена работна сила, 150 години е технолошки заостаната и во најголем процент производството е мануфактурно“, смета Гечев. Според него, реформа значи единствено спроведување болни, јаки мерки, а не енормно зголемување на администрацијата и бројот на локални самоуправи, кои се потрошувачи, а не и создавачи. Според првиот човек на Стопанската комора, преобемната јавна администрација, падот на производството, зголемувањето на увозот наместо извозот, немањето консензус во политиката, науката и стручната јавност за спроведување вистински промени, се само дел од слабостите што ги извади на површината светската економска криза, а постоеја цело време. „Високата невработеност и релативно слабата динамика на економскиот раст укажуваат дека е неопходна радикална промена на досегашниот модел на економски развој кој, пак, треба да доведе до промени во структурата на македонското стопанство и во макроекономската политика. Таков модел на економски раст ќе бара висок степен на соработка и координација меѓу сите релевантни фактори во земјата“, истакна Азески. Според него, мора да се преземат конкретни чекори со цел приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и на апсорбирањето на високата невработеност, домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот, да се зголеми извозот, да се модернизира инфраструктурата и да се намали енергетската зависност. Комората ќе инсистира на дијалог со Владата за да се изнајдат најдобрите решенија. (МИА)


#
Статијата е прочитана 777 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Aдитивите ќе значат крај на тутунарството
Епидемија од неплатени сметки
Доматите донесоа профит, грозјето во була
Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари
Груевски
Скапите чанти и часовници одат како алва






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency