Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Груевски: За заемот од ММФ ќе размислиме

„Македонија моментно нема потреба од ваков заем, но се прават анализи за да се види дали и кога би се прифатила ваквата поддршка од ММФ, која овој пат не е аранжман, како што и' се нудеше на земјата во минатото“, изјави вчера премиерот Никола Груевски во врска со понудата на ММФ за отворена кредитна линија од 400 милиони евра. Таа, според него, покажува дека Македонија е во групата неколку земји што ги имаат надминато платно-билансните проблеми.

Земјава, според него, го надминала времето на склучување аранжмани со стотина услови во нив и дека е сега во друга фаза.

Во однос на тоа дали ќе се прифатат средствата, тој рече дека останува да се види од натамошните анализи и оти има размислувања во повеќе правци.

„Во овој момент немаме потреба од прифаќаме таков заем, а во иднина можеби и ќе го направиме тоа. Се размислува во правец на замена на домашното задолжување преку трезорските записи или замена на надворешниот долг со таков што би бил по пониска камата“, изјави Груевски.

Премиерот оцени дека најавите за намалување на каматните стапки на кредитите од банките е добар сигнал во време кога Владата направи неколку важни процеси во економијата и кога и централната банка почна со намалување на каматата.

„Мислам дека во вистински момент доаѓаат сигналите од банкарскиот сектор. Тоа ќе биде уште повеќе охрабрен�� доколку НБМ ја намали резервата на благајнички записи што ќе биде и добар импулс за стопанството“, рече тој. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1212 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 19.10.2010 15:31:32
Е,господине господине премиер,радувај се што те избра пијан народ.Сега можеш со него да манипулираш како сакаш.Ефтина ракија има и ке има колку сакаш.Но за децата(младите генераци) дали имаш размислувано дека имат потреба од млеко и од овошје и зеленчук.Не станува збор за твоите деца туку за децата чии родители врзуват крај со крај.И сега ти кобајаги размислуваш дали да земеш кред за инфраструктура и унапредување на стопанството со мали камати од ММФ.Очигледно ти сметат контролори.
Од: kiro dijaspora
Датум: 19.10.2010 18:01:10
EEE tuka nema za lapanje i perenje pari t.e. za vo dzeb zatoa ne im odgovara.
Од: Alergi;ni na kontrola
Датум: 19.10.2010 22:56:15
Ova se otvoreni lagi na Premierot.Na Makedonija i se neophodni krediti i sredtva za razvoj na infrastrukturata i stopanski rast, noi ovaj relativno mnogu popovolen krediti i so poniska kamata ne mu se dopadja na Grujo bidejci istiot e usloven so odredena kontrola vo trosenjeto. Toj e strogo namenski i kontroliran i ne ce moze so nego da se pravat tiumfalni kapii ,lavovi , zgradi vo stil na 16 i 17 vek i drugi gluposti. A znaete ovie VMRO-ovcina se mnogu meraklii na trosenje bez kontrola i se alergi;ni na tie kontroli koi MMF gi pravci. E tuka lezi zajakot. Na site toa mu e jasno , nezavisno sto zboruva Grujo i negoviot Kuym.

Најди! во Утрински
Економија
Aдитивите ќе значат крај на тутунарството
Епидемија од неплатени сметки
Доматите донесоа профит, грозјето во була
Eкономијата ќе тргне cо радикални мерки
Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари
Скапите чанти и часовници одат како алва






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency