Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

За црквата во Дебар Маало се подготвувале и икони

Парохискиот свештеник на Дебар Маало тврди дека МПЦ не го барала земјиштето

Деспина Трајковска

„МПЦ дефинитивно е изманипулирана во случајот со парцелата во Дебар Маало за која со години беше планирана изградба на црква ‘Света Ана‘. Не се точни тврдењата на општинарите дека црковните власти никогаш не го побарале делот од парцелата, што беше во државна сопственост, за изградба на храмот. За целиот случај беше информиран и дедо Стефан, па дури пред две години една уметничка наменски изработи и икона со ликот на света Ана, како донација за црквата, чиј камен-темелник го очекувавме“, тврди Томислав Петковски, парохиски свештеник на Дебар Маало.

Иако не бил одговорен за комуникација со општината во однос на проектот, отец Петковски вели дека поранешната градоначалничка Виолета Аларова била на редовен линк со Коста Станоевски, секретар на Скопската епархија, за конечно поставување на камен-темелникот на верскиот објект. Станоевски вчера не беше достапен да ги коментира тврдењата на отец Петковски.

„Неколкупати дури разговарале и кој ден да се постават темелите, а мислам дека има и подготвен проект. Што се случи преку ноќ, како парцелата од мешана сопственост наеднаш целосно му припадна на едно лице и нас не' изманипулираа, навистина не ми е јасно“, вели збунето Петковски и смета дека во целиов случај најодговорна е општината, која од необјасниви причини тврди дека МПЦ никогаш не побарала изградба на црква на местото на поранешното кино „Карпош“. Токму од тие причини, пак, според тврдењата на општинарите, било испочитувано барањето на приватниот сопственик на парцелата да се нацрта маркичка за станбено-деловен објект.

Дебармаалци во постапката за денационализација гледаат сомнителни околности. Ќе бараат премиерот Груевски да го преиспита случајот. За жителите е нејасно како по неколку години земјиштето станало целосно приватна сопственост, кога само една седмина од целата локација гласела на приватно лице. Дебармаалци се збунети и како тогаш претходната градоначалничка ветувала изградба на црква кога земјиштето во меѓувреме било денационализирано.

Инаку, се' уште не е пресудено дали на парцелата ќе се изгради предвидениот седумкатен станбено-деловен објект наместо претходно планираната црква. Урбанистичкиот план се наоѓа во нацрт-верзија, во тек се разгледувања на забелешките на граѓаните поднесени на јавната анкета, а овластувања да пресече има градоначалникот Тодоровиќ.


#
Статијата е прочитана 468 пати.

Испрати коментар

Од: Skopjanec
Датум: 18.09.2009 08:51:30
Јас незнам некоја друга држава волку да пати од урбаната мафија. Невозможно е колку НИКОЈ не води сметка за средната класа. Општо прифатено е дека без да „смуваш“ некој „бизнис“, неможеш да дојдеш до стан. Ниту пак до некоја друга основна потреба. Изборот е: или мало станче во Скопје, без лифт и други основни работи (стандард од далечната 1950г.) кој ќе го платиш 7/8 пати од вистинската вредност или убав стан на некое друго место. Како се да е стокмено, оние кои претендираат да бидат средна класа - да се иселат од државава! И да останат само оние кои слушаат турбофолк. Токму тие се и оние кои ги градат становите. И ги полнат џебовите. Е нема! Се селам, да знаете!
Од: ane
Датум: 18.09.2009 17:44:20
dali imat nekoj tokmat vo mak crkvi na sekoi 100metri a edna institucija,centar,dom nema za nasi hendikepirani deca.

Најди! во Утрински
Политика
Милошоски
На Балканот му е потребен конструктивен дијалог
Фабрика за отпад во околината на Штип
Црвенковски ќе ги легне сите од власта
МНР задоволно од економската дипломатија
Полемика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Паљурчани бараат извинување
Во сукцесијата на СФРЈ има уште нерешени прашања