Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Фабрика за отпад во околината на Штип

Се' уште нема дефинитивен договор меѓу општините од истокот која ќе биде локацијата за фабрика

ШТИП - „Има шанси штипската депонија ’Трештена скала‘ да биде локацијата на која ќе се изгради фабрика за третман на отпадот според сите светски стандарди“. Оваа можност оптимистички ја најави Зоран Алексов, градоначалник на Штип, по последната седница на Советот на Источниот плански регион. Алексов е убеден дека проектот ќе биде реализиран зашто зад него застанува и Владата и бидејќи тоа е еден од условите да се биде дел од европското семејство.

Токму на ова подрачје се планира регионален систем за управување со отпадот. Покрај единаесетте општини од регионот, ако најдат интерес, во проектот можат да се вклучат и други соседни општини , пред се', Свети Николе и Лозово.

„Локацијата се' уште е прашање на избор и договор. Но, се согласивме дека во тој сегмент треба да преовладеат економските критериуми, односно проектот, кој ќе биде економски прифатлив за сите општини од регионот. Притоа мора да се води сметка за транспортната оддалеченост на секоја од општините“, вели градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Според Елизабет Понсебеј од државната Агенција за енергетика и управување со отпадот од Франција, со отпадот треба да се управува според европските стандарди и регулативи, на начин кој обезбедува целосна безбедност на луѓето и на животната средина.

„Во Европа прво правило е отпадот да се намалува на минимум, а дури потоа доаѓа елементот на неговото безбедно ускладиштување и управување. Превенцијата мора да биде максимална. Овој регион ги има сите предуслови какви што бара ЕУ за ова важно прашање“, потенцира Понсебеј.

Овој регион долги години се обидува да го реши прашањето на отпадот, но досега не успеа да мрдне од мртва точка. Проблем беа граѓаните, кои, во сите општини на чии територии се планираше изградба на фабрика за преработка на отпадот, беа против таквата иницијатива. Актуелните градоначалници тврдат дека таков проблем не постои и оти едукацијата на населението во смисла на неопходноста и сигурноста на ваков проект ќе биде максимална. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 354 пати.

Испрати коментар

Од: prjatel
Датум: 18.09.2009 10:08:16
Донесете ја во Пробистип и така овој град е уништен економски,еколошки а во него живеат 100% Македонци. А на ова влада не и требат македонци,а многу тешко од пробиштипци ке направи бугари или ДУИ.

Најди! во Утрински
Политика
Милошоски
На Балканот му е потребен конструктивен дијалог
За црквата во Дебар Маало се подготвувале и икони
Црвенковски ќе ги легне сите од власта
МНР задоволно од економската дипломатија
Полемика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Паљурчани бараат извинување
Во сукцесијата на СФРЈ има уште нерешени прашања