Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Винарите се' поисплашени од грчкиот притисок

Во проблемот се крие политика, а преку него сакаат да извршат притисок врз Македонија за промена на името, велат винарите

Ангел Данов

Притисокот од Грција за извоз на македонското вино се' повеќе ги плаши домашните винарници. Тие прашуваат на кој начин државата, во услови на силни притисоци, ќе го заштити македонскиот бренд. Оптимистичките најави на Министерството за земјоделство дека нема да има проблеми при извозот на македонско вино наредната година, многу не ги увери винарите и нема позитивни реакции, напротив стравот дека ќе се преполови пласманот на нашето вино во земјите од Европската унија е се' поприсутен.

Според винарите, грчкиот притисок спрема земјите на ЕУ за пласман на македонското вино ќе предизвика сериозен финансиски удар на и така тешката состојба во која се наоѓа винската индустрија. Дел од нив сметаат дека во целиот проблем, всушност, се крие политика. „Преку овој сегмент, со грчкото влијание врз европските партнери, се сака да се изврши политички притисок врз Македонија за промена на името. Бидејќи секоја промена на етикетите на декларациите со кои се извозува македонскиот производ под некое друго име, тоа де факто би значело и промена на името на државата“ вели Ѓорѓи Богевски од винарската визба „Бовин“ во Неготино.

И во штипската винарница „Аневски“ сметаат дека грчкиот притисок ќе има негативно влијание врз продажбата на македонското вино, особено во Германија, каде што сега извезуваат над 30 милиони литри вино. „Нашите бизнис-партнери во Германија лобираат кај својата влада многу да не ги слуша Грците, бидејќи македонското вино е познато во оваа земја и тие имаат интерес да го продаваат нашето вино“, вели Ѓорѓи Бебеџаков од винарската визба „Аневски“. Тие се жалат дека откако Грција реагираше на географското потекло и терминот „македонско вино’, органите на Унијата побарале од Словенија да повлече четири вида македонско вино од рафтовите во продавниците, а германските трговски комори ги информирале визбите дека од 1 јануари идната година нема да смеат да пласираат македонско вино. Винарниците сметаат дека Владата треба поактивно да се вклучи во борбата околу признавањето на македонското вино, но и државата да го заштити виното како македонски бренд за полесно да функционираат визбите на странскиот пазар.

Според домашните винарници, дополнителни компликации во винската индустрија предизвикуваат и сериозните проблеми во лозарството. Веќе неколку години визбите, поради големите резерви вино, доцнат со исплатата на парите за откупеното грозје.

Димовски оптимист за извозот на вино

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, смета дека со Брисел, а не со Грција, треба да се реши проблемот со забраната за извоз на македонското вино во шишиња со етикета со географско потекло. Тоа требало да се направи со потсетување на Спогодбата за асоцијација и стабилизација, на Винскиот протокол и на природните права што Македонија ги има во користењето на името „Македонија“. Димовски е уверен дека проблемот ќе се надмине и во следниот период не би требало да има никакви пречки околу извозот на македонското вино на начин како што беше и досега. „Македонија има принципиелен став во врска со решението околу проблемот со виното, а тоа е користењето хомоним. Тоа значи дека сите земји што се наоѓаат на просторот на Македонија би можело да го користат хомонимот ’Македонија‘. Сметам дека после Нова година нема да има особена пречка околу извозот на македонското вино, пред се', на пазарите на Европската унија“, изјави вчера Димовски. Според него, проблемот со извозот на македонското флаширано вино на странските пазари со етикета со географско потекло е настанат поради регистрирањето на регионот „Македонија“ во регистарот на вински региони на ЕУ од страна на Грција.

„Во 1989 година грчкото Министерство го има регистрирано регионот ’Македонија‘ во регистарот на вински региони на ЕУ. Во 2000 година тоа е повторено и неколку месеци потоа излезен е регистарот на веб-страницата на винските регистри ’ебахус‘. Се прашувам зошто воопшто не е реагирано. Ние сме први што правиме напори да се разреши проблемот“, појасни Димовски. Тој посочи дека од 1 јануари до 15 ноември годинава Македонија има извезено 67 милиони литри вино, што е за 23 милиони повеќе во споредба со минатата година. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1427 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 13.12.2010 12:48:42
Dodeka nacionalistite laat, vladata gradi triumfi i pere pari, dodeka narodot gladuva, Grcija raboti i uspesno. Pa da vi kazam im zaviduvam na grcite za sposobnosta. Koj e posposoben toj uspeva, a na gubtinikot site mu se krivi. Zivotot e borba, makedoncinja.
Од: Ози
Датум: 13.12.2010 13:15:08
Виното ќе го истураме ама името не го даваме! Нека патат без нашето вино! Рекоа патриотите а винарите го плаќаат цехот.
Од: 3G
Датум: 13.12.2010 16:35:00
Pristapot na vladata za koristenje na zaednicki homonim e pogresna. Zaednickiot homonim potoa moze da dovede do zaednicka sovinisticka fantomska drzava i fantomski narod, odnosno pokonkretno rasprava za se i sesto sto po takvata logika moze da bide makedonsko a spored toa secie i nicie sto jas veke go imam opisano kako nosenje voda vo reseto. Zatoa Makedonija treba da postapi principielno i pravno pa da pobara brisenje od registarot na sootvetnata institucija vo EU na grckiot geografski region kako vinski region-vinogorje. Ne sum videl deklaracija na sisinjata kako spansko, francusko ili italijansko vino osven vinskite regioni i zemjata na potekloto-proizvodstvoto pokraj se razbira tipot i imeto na samoto vino. Zatoa vakviot pristap e nedrzavnicki a uste i pod naucnite i biznis standardi.Takviot segasen odnos objasnuva i zosto svoevremeno i osobeno za celo vreme dosega nisto ne bilo prevzemeno.
Од: Nemat problem
Датум: 14.12.2010 02:46:29
Nie ke si go pijame :) Neka piet Evropjanite Grcki vina. Nie imame kade kade pokvalitetni vina od niv.
Од: sv dimitrija
Датум: 14.12.2010 03:41:17
Navistina zivotot e borba no sepak chovek treba da bidi poshten i da misli .Kako shto sekoja zemja na ovaa planeta ima odgovoren chovek Predsedatel ili Premier taka i za siot narod nekade postoi nekoj koj e povisok od sitei koj e odgovoren za site .Lenojte da mislite sve shto leta sve se jadi .Taka i so Grcite na pat mozda se za NEPOVRAT. Razberete sve ima kraj.
Од: Pepi Sr
Датум: 14.12.2010 06:01:12
Grcite veke se vo paranoja i zatoa reagirat vo site sveri da storat se da se smeni imeto .. zatoa sto 2012 IDEEE :))))) delot se vraka bez vojna !!!! POZDRAV DO SITE MAKEDONCI VECNA MAKEDONIJA !!!!
Од: Алек
Датум: 14.12.2010 09:53:03
Ке видат они кога ке им отидеме на одмор, па после на едно бузуки, па кога ке ги избришеме налепниците од колите, ке видат они дали нема да дадат вино да продаваме! Македонци издржете до летото!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Лена ликвидирана по налог на Абас
Најдобриот ајвар доаѓа од Битуше
Триумфот на премиерот
Кривични пријави за аферата „Патриотска метла“
Калајџиев
Црна Гора добива статус на кандидат за ЕУ
Нова размисла на Г-20
Чудни одлуки за инвалидски пензии
Австрија го уапси Санадер, Загреб чека екстрадиција
Почина американскиот дипломат Ричард Холбрук
Ќе се соблече за Армани
Писмо до Груевски од Александрија
Два бомбашки напада во центарот на Стокхолм
Повторно маестрален концерт
Манчестер Јунајтед го среди безопасниот Арсенал
Кој последен се смее?
Кој пее зло не мисли
Бомба го откажа летот од Софија за Атина
Карикатура
Насловна
Работнички ја освои „Железарница“
 

Kosovo and Albania reject accusations of organ trafficking
Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister