|
|
|
|
|
|
Глобалист
Писмо до Груевски од Александрија
Љупчо Поповски
Македонската династија во Египет не умре. Цезарион, синот на Клеопатра и Цезар, не беше убиен, туку преживеа. Неговиот наследник му пишал на нашиот премиер
Пред неколку дена на „Илинденска“ б.б. пристигна едно писмо од Египет кое многу го вознемири и го стави во непријатна дилема нејзиниот главен станар. Отворајќи го писмото, Никола Груевски не можеше да верува во она што го читаше – дали е првиот што ги дознава овие толку долго чувани тајни како онаа на Светиот грал, дали триумфално да ги објави во јавноста и да ги насочи сите рефлектори во светот кон себе или, пак, да го премолчи она што е напишано, а потоа да има немирни сништа за епохалното откритие.
Новинарската работа е по малку и детективска, па успеавме да дојдеме до писмото испратено од пристанишниот град Александрија, кое може да ги урне сите митови. Еве што пишува во него:
„Господине Груевски,
Еден наизглед мал настан од мојата прататковина, за кој прочитав во материјалите кои доверливо секој ден ми ги доставуваат моите лојални приврзаници, ги отвори старите рани за кои мислевме дека вековите ги залечиле.
Печатот што го гледате на врвот од писмото можеби ве збунува. Современите печати не се како овој што има антички изглед. Затоа треба веднаш да знаете кој го пишува ова писмо и зошто се чувствува во голема мера измамен. Јас сум Цезарион LXIV, директниот наследник на сјајната и неповторлива кралица Клеопатра VII. Некои работи конечно треба да излезат од опскурноста на минатото и митовите и можеби е време токму преку вас светот да стане свесен дека македонската династија не изумре.
Верувам дека во своите долги ноќи во македонската Влада (како што ме информираат лојалните приврзаници) веќе знаете многу нешта за нашата ненадмината птолемејска династија. Сите веруваа дека мојата чудесна претходничка Клеопатра VII беше последниот изданок на птолемејската династија во Египет која ја основа големиот Птолемеј I Сотер, најверниот македонски генерал на Александар.
Веројатно ви кажале, господине Груевски, дека на Птолемеј I Сотер при поделбата на империјата по смртта на најголемиот од најголемите, Александар III во Вавилон, му припадна да го раководи Египет, кој беше круна на неговото царство. Птолемеј I Сотер не можеше да се оддели од мртвото тело на својот водач и го донесе во овој чудесен град Александрија.
Да не ви ги кажувам деталите, господине Груевски, верувам вие нив ги знаете напамет: триста години подоцна во љубовта која ќе стане славна во сите истории, Клеопатра ќе добие син од Јулиј Цезар во 47 година пред нашата ера, наречен Цезарион. Тој требаше да биде наследникот на големиот Цезар. Но, измамниците во Рим немаа почит кон Цезар и го убија во 44 година пр.н.е. Какви тажни години следуваа за нашиот Египет. Иако Цезар го посини Октавијан Август, генералот Марк Антониј беше вистинскиот чувар на неговите идеали. Клеопатра најде во него и заштитник и љубовник, но онаа неумешно водена битка кај Акциус во 30 година пр.н.е. му стави крај на кралството, а Клеопатра и Марк Антониј ги одведе во херојска смрт. Тој безбожник што го грабна наследството на големиот Цезар, Октавијан Август, нареди да се погуби Цезарион. Октавијан тогаш рекол: ’Двајца Цезари се премногу‘.
Сите помислија дека тоа беше крајот на македонската династија во Египет. Но, сега морам да ви ја откријам токму вам големата тајна - Цезарион не беше убиен. Центурионите можеа да се борат против Марк Антониј, но не можеа да погубат еден директен потомок на Јулиј Цезар. Цезарион беше криен не само во Александрија, туку и во либиската пустина. Октавијан умре, но Цезарион преживеа. Не само што преживеа туку ја продолжи големата македонска династија, а преку Цезар го спои и моќниот Р��м.
Верувам, господине Груевски, дека многу повеќе сте заинтересирани како успеавме да преживееме сите овие векови. Александрија со својата библиотека не беше само седиште на античкиот ум, туку и место каде што можеа да се кријат најголемите тајни. Така, од колено на колено, од век во век, ние успеавме да преживееме и да ја продолжиме династијата на Птолемеј I Сотер. Морам да ви кажам дека нашите браќа христијани, Коптите, се најзаслужни за опстанокот на вистинските Македонци низ сите овие векови. И јас денес, благодарение на браќата Копти, живеам во Александрија, ја негувам династијата на македонските генерали.
Затоа многу се изненадив уште кога пред две години моите соработници ми кажаа дека некој самонаречен крал Мир Газанфер Али Кан сте го пречекале како суверен, чие потекло, наводно, било директно во лозата на великиот Александар. Но, сега кога дознав дека државата, која го носи нашето исконско име, сака да му подари имот на тој самонаречен крал, не издржав и морав да ви се јавам, па макар со тоа и да се открила најчуваната тајна во светот. Зарем тие наследници на генералот Селеукус Никатор, кои се изморија под Каракорум и Хиндокуш и не сакаа повеќе да одат заедно со нивниот водач Александар, па се сместија во планините и се одвоија од светот, имаат повеќе право на светата македонска земја од наследниците на Клеопатра и Цезар. Не можам да поверувам дека за наследниците на големиот Птолемеј не може да се одвои парче македонска земја. Па кој, ако не птолемеидите, чиј изданок сум и јас, Цезарион LXIV, го негуваше митот за Александар. Кој го зачува името на градот што го основа тој. Кој бдееше дење и ноќе над саркофагот на војсководецот. Кој ако не моите славни претходници. И сега, самоповиканите наследници на Никатор да се пречекуваат како кралеви на нашата света земја. Tоа е срамно.
Господине Груевски, не знам каква улога вие мислите дека имате во историјата, но морам да ви кажам д��ка е несфатливо да им подарувате земја на оние што самите се претставуваат дека биле крвта на македонскиот народ, а на Ватикан, со кој на некој начин сме поврзани преку нашиот прадедо Јулиј Цезар, да не му го дадете она што му припаѓа.
Слушам дека подготвувате да поставите величествен споменик на нашиот најголем Александар во центарот на вашата метропола. Затоа ви укажувам дека ќе направите голем грев што ќе остане запишан ако им верувате на лажни пророци од вашата земја. Тие нудат античка храна за празните стомаци во вашата Македонија затоа што брзо се подготвува и уште побрзо се јаде.
Нашите славни генерали би пропаднале в земја кога ќе видат какви каплари командуваат со нашата света земја. Земја не се дава така лесно, на збор; ќе помислиме дека така можете да ја дадете и државата“.
Неговото височество
Цезарион LXIV
Што ќе направи нашиот премиер? Ќе го испрати ли Паско Кузман во тајна мисија во Александрија?
|
#
|
Статијата е прочитана 2943 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: napred |
Датум: 13.12.2010 12:30:53 |
|
E Pasko, Pasko, Zar cekas negovoto kralsko visocestvo da ti kaze koi se nasite rodnini? Ne ti e sram. Napred vo Aleksandrija i da ne se vrakjas dodeka detalno se ne proveris i da gi otkacis onie bezobrazni Hunzi sto ni se pravat rodnini!!! Ne im e sram. Napred kaj Cezarion!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: od haha |
Датум: 13.12.2010 12:32:00 |
|
hahhaaahahahhaa e sega treba da se stavi prst na glava i dlaboko da se zamisle hahaha,koj e koj,koj e vistinskiot a koj lazniot.Ne me cude ako i nasiot premier ne izleze direkten potomok na velikiot od najvelikite hahahaha |
|
|
|
|
|
|
Од: Гоце Делчев, Питу Гули |
Датум: 13.12.2010 12:43:32 |
|
Познавајќи ги портокаловиве гилиптери, гарант ќе направат некоја комедија со ова, и пак цел свет ќе ни се смее.... |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 13.12.2010 12:52:56 |
|
Токму работа ако не го испрати Паско до Александрија. Ова е многу важно, поготово во спорот кој ни го наметна нашиот јужен сосед. А кога веќе е таму, нека тркне и до Назарет, за уште една проверка. Луѓе блиски до Премиерот шепотат наоколу дека тој, Премиерот, дошол до сознание дека и Исус Христос бил Македонец. Имал оригинал видео запис како Исус, окован на крстот, вика: чувајте ми ја Македонија и нејзиниот омилен водач! |
|
|
|
|
|
|
Од: bubica |
Датум: 13.12.2010 13:11:16 |
|
Nema somnez deka veke Pasko e na pat za Aleksandrija,ama ne kon gradot vo Egipet tuku kon nekoja od "mnogute" vinarski vizbi za da otkrie sto toa se slucuva so vinoto ALEKSANDRIJA.ha ha ha ,naravoucenie ;dodeka ima budali minatoto ke bide povazno od segasnosta a nesvatlivo daleku od bliskata idnina. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 13.12.2010 14:03:56 |
|
Кај е Гоце,кај е Даме и најважно КАЈ Е СРЕЛЕ?Не само Александар и Исус,Паско веќе е на трага да открие дека Мојсие бил Македонец,како што кажува и неговото име: „Мој си е“! |
|
|
|
|
|
|
Од: ane |
Датум: 13.12.2010 14:05:59 |
|
Bravo be Pope, maestralno izvedeno!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 13.12.2010 14:19:24 |
|
Ma sto se cudite tolku, ta neli site tie nasi "rodnini" mnogu licat na nas! Nie visoki, siroko gradi, so golemi glavi i bela koza...tie nizki, temni, sitni... ustvari moze da se najde i kaj nas po nekoj takov, na primer imame nekoi vo vladata :D |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпче |
Датум: 13.12.2010 14:37:25 |
|
Абе како овој Птоломеј Сотер, па Октавијан, па не знам Цезарион, па се` некои чудни имиња... Да се викаа Петре, Сотир, Ордан и Целе, па да речеш македонци се. Ама мене никако да ми влезе во глава од кај македонци, кога ни се викаат ни зборуваат како нас. Кога тоа мајките нашите „дедовци“ од латински и грчки почнаа да ги учат славјански? - па останавме до денес да зборуваме најслично со „татариве“, ем србите, ем русите ем останато славјанско друштво? - И кој тоа Александар го крстил така, наместо Цанде? - А и именцено ништо не му значи на слвајански, да беше Витомир, Радашин, Радобил, па макар и Арон, Давид и Самоил, иако се еврејски имиња... пе нека беа и Војтех и Делјан, само не грчки и латински. А на споменициве намето даим ги напишат именцата на оригинал грчки или латински им ги пишуваат на славјански... и тоа македонската му верзија. Море некој тука ќе да е дебело јанлаш. Нешто не штима... А да си двоиме од устата за Грци па некако уште помалку ми иде... |
|
|
|
|
|
|
Од: biljana |
Датум: 13.12.2010 14:45:18 |
|
Sega na scena treba da stapidobrata vila Marina Dojcinovska kako pretstavnicka na Hunzite. Ke im podade raka na Ptolomeidite i ke gi smiri. Verojatno ke stane i nivna visoka pretstavnicka, pa Gruevski ke formira Ministerstvo na antickite Makedonci od dijasporata. Paljurci ke stane nov anticki centar vo Evropa i posiroko, opstina Bogdanci ke dobie aerodrom za izvoz na ranogradinarski proizvodi, zeleni idei i mesto za topol precek na gostite na nasite kralevi i princovi. Mozebi i letna rezidencija na makedonskiot pretsedatel. I povtorno ke bideme unikatni, ke bideme kralstvo so dva krala...Neverending story! |
|
|
|
|
|
|
Од: R.R. |
Датум: 13.12.2010 14:48:08 |
|
Citam i se cudam .....uste da se zasramite a ne da se gordeete so tekstot i komentarite....I ako nekoj od vas ima lice neka se kaze deka e makeodnec! |
|
|
|
|
|
|
Од: lavce |
Датум: 13.12.2010 15:25:24 |
|
Me iznasmea slatko alal da tie. Pa... redno bese nekoj vaka ubavo da im objasni do kade se vo kal so antikvizacijata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dejan |
Датум: 13.12.2010 15:56:19 |
|
Ova vistina e? Seriozen sum, poso ako e........NE MI SE VERUVA DO KADE ODI RABOTAVA, daj malce da probame da bideme seriozni i da gledame napred. Kao za sporedba: vcera Honda i GM prezentiraa nov robot!? |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 13.12.2010 16:49:28 |
|
G-dine RR,ako na vreme pocnese da citas,sega nemase da se cudis pri citanjeto.!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Uste i velis deka tie so od poodamna pocnale da citaat treba da se zasramat,a ne se sramis samiot ti koj so citanje pocnuvas duri sega,a glavna lektira,sto bi rekol Felix,ti se komentarite pod odredeni novinarski tekstovi !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 13.12.2010 17:31:54 |
|
Не бе R.R...Ние не се маваме в гради и тврдиме дека сме патриоти!! Таа ваша „света “ задача ви ја оставаме на твојот овчар и другата портокалова боранија... |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 13.12.2010 17:57:49 |
|
Добро е што од време на време прозваниот Феличита се јавува,секогаш кога нели ќе собере доволно кураж.Инаку каков е мојот став за поедини просветлени потези на владата може да прочита во написот,,Триум на премиерот,,.Таков коментар ни во најдлабокиот сон не би се осмелил Феличита да искоментира во тој стил.П.С го прозвав за влада во сенка и превеслувањето на неговиот лидер од страна на вНСДП,разбира се штама. |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 13.12.2010 21:41:21 |
|
Навистина лош обид на новинарот да се подбива со историјата на Македонија. Прави пародија. Се надевам дека своите уметнички склоности можел да ги искористи во друг контекст, а не во склоп на кампањата за ширење раздор меѓу македонскиот народ, како би се створиле услови за дестабилизација на државава.
Навистина жалам што сум сограѓанин на циници (што се јавуваат во улага на новинари, колумнисти, или со своите коментари) кои се подбиваат со работата на македонските научници архитекти, историчари, лингвисти и др.и од нивната работа прават пародија. Не е далеку од вистината онаа народната која вели дека она што го правиш на другите ќе те снајде и тебе. |
|
|
|
|
|
|
Од: vrhovni |
Датум: 14.12.2010 10:39:31 |
|
Врховни не му отварај стари рани на премиерот.
Инаку има еден факт од поновата историја кој треба да се истакне. Дедо му на премиерот е херој кој погинал за Македонија во грчко италијанската војна четириесеттите.
Поздрав
торба, директен потомок на Адам |
|
|
|
|
|
|
|
|