Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Мислења

Кој последен се смее?

Ана Павловска-Данева

Немојте премиере толку смешки д�� правите! Секое Ваше смеење раѓа нова горчина и болка кај народот

„Кој последен се смее, најслатко се смее!“ Зарем е ова се' што имавте да му кажете на својот народ, премиере?

Состојбите во земјава ни најмалку не се за смеење. Се прашувам што ли има смешно во насилството што се спроведува врз јавната администрација. Дали новите закони со кои масовно ќе се отпуштаат сите негови неистомисленици се една од работите за кои премиерот вели дека ќе се смее последен? Или можеби се смее на новата неодамна извојувана победа врз независноста на судството?

Изгледа неопходно малку да подискутираме за „смешките“ што министерот за правда ги предизвикува во судството. Додека тој одржува „битен“ состанок со претседателите на сите судови во земјава, во истата зграда, во истото време жалбениот совет на Врховен суд го потврди разрешувањето на долгогодишна судијка, за која токму министерот иницираше постапка за разрешување.

Судиите почнаа да се натпреваруваат меѓу себе во својата сервилност кон власта (чест на исклучоците, малкумина се, но се' уште ги има). Едни разрешуваат свои колеги без никаков правен основ. Правилникот - укинат од Уставен суд, новиот закон - нема ретроактивно дејство! Но, зарем е тоа важно? Нека ни е жив и здрав министерот, тој е и над законот и над Уставен суд и високо, високо над обичните смртници - судии.

Други, пак, собираат „кого мајка изгубила“ во судскиот двор. Секој што знае да чита веќе станува судија (и член на Судски совет), но затоа, пак, од 2012 година се предвидени критериуми за избор на судии како за космонаути пред полетување во Вселената. Но, тогаш веќе нема ни да има потреба од нови судии, ниту едно испразнето место нема да остане!

Ова ли се „бурлеските“ на премиерот на кои тој последен и најслатко се смеел? Заедно со министерот, се разбира! Или можеби состојбите во администрацијата им се посмешни?

Државната администрација се шокираше по обелоденувањето на новите измени на Законот за државните службеници – оние похрабрите излегоа на улица и јавно го покажаа својот револт и несогласување: другите во исчекување и страв ги следат собраниските седници, тајно се радуваат на одолжувањето на постапката за усвојување на законските новини; трети, пак, сервилно ги бодрат своите партиски шефови и „навиваат“ за нив, а во себе Бога молат да не се усвојат измените зашто знаат: кога-тогаш власта ќе се смени, па со ваков закон ќе си заминат побрзо и посрамно отколку што дошле. На сите овие луѓе, независно од нивната (не)слободоумност или партиска (не)определеност, премиерот на државата и министерот за правда, наместо да им се смеат, должни се да им објаснат како со решенијата содржани во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници ќе им се подобрат перформансите, општествениот статус, интегритетот, стручноста и независноста! Ајде отворено да им соопштиме на оние што се' уште не знаат каква реформа во државната администрација се планира со овој Закон.

Прво, воведување психолошки тестови и тестови за интегритет;

Второ, воведување задолжителна пробна работа во траење од една година за новите и шест месеци за сите постојни државни службеници. Секој државен службеник што сака да напредува во повисоко звање ќе биде избран на задолжителна пробна работа од шест месеци. За тоа време тој ќе работи поодговорни и посложени задачи, но ќе ја зема истата плата што ја земал додека работел во пониско звање;

Трето, после завршената пробна работа ќе се бара задолжително полагање стручен испит. Како тој ќе изгледа, кој и како ќе го спроведува испитот, ќе одлучува министерот за информатичко општество;

Четврто, политичките функционери ќе можат да ги префрлаат државните службеници од еден во друг државен орган без никакво и ничие ограничување, туку врз основа на сопствено наоѓање;

Петто, суспендиран државен службеник, наместо досегашните 60, ќе зема само 50 проценти од својата плата;

Шесто, паричната казна за државните службеници, наместо досегашните 10, ќе изнесува 30 проценти од платата;

Седмо, казната распоредување државен службеник во пониско звање ќе се изрекува трајно, и тој ќе ја издржува се' до своето пензионирање;

Осмо, оценувањето на државните службеници, наместо еднаш, ќе се изведува два пати годишно, со што само за 12 месеци постои можност државниот службеник да биде отпуштен од работа;

Деветто, некои службеници ќе можат вртоглаво да напредуваат нагоре по хиерархиската скала, односно да заземат позиции во државната служба ��ез да го имаат потребното работно искуство и стаж;

Десетто и најважно, на политичките функционери во секој орган на државната управа ќе им биде дадена можност без никакви критериуми да отпуштаат државни службеници со објаснување дека не се задоволни од нивната работа!?

Причините и целите за донесување ваков закон јасни ни се на сите. Последиците од него се уште појасни. Но, нејасно останува што е тука смешно? Дали после усвојувањето на законот, премиерот најслатко ќе ни се изнасмее на сите нас за трагедијата што ќе не' снајде со таквата администрација? Или ќе им се потсмева на деградираните и отпуштените државни службеници? Или на Европската комисија ќе и' се смее кога во следниот извештај ќе констатира уште поголема партизација на администрацијата и застој во евроинтеграцискиот процес?

Немојте премиере толку смешки да правите! Секое Ваше смеење раѓа нова горчина и болка кај народот, затоа пробајте, барем сега, на крај, малку посериозно!

(Авторката е професорка на Правен факултет)


#
Статијата е прочитана 2136 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 13.12.2010 12:31:50
Нашиот таканаречен сериозен племиел го засмејува својот народ па и надвор од земјата.Но изјавата дека кој последен се смее,најслатко се смее е во право.Човекот си ја кажува вистината.
Од: gimi
Датум: 13.12.2010 12:50:48
Не спомнавте ништо професорке за опструкциите што ги прават државните службеници членови на Вашата партија ,а по наредба од опозицијата кои се сеуште мнозинство во државната администрација се со цел да се ствара незадоволство кај граганите кои ги посетуваат установите каде работат тие службеници. Е токму измените на законот се направени со цел совесно извршување на работните задачи , а не за отпуштање од работа.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 13.12.2010 12:51:17
Ako, malce mu e na ovoj narod ponizuvanje, strav i beda. Uste povekje neka gazat portokalovive kmeri. PS. Za vmrovchinjata....paze te se, Portokalovata Revolucija pocna da si gi jade decata. Primer vi e Min za kultura.....vi otidoa trojca kurban, da se spasi Ministerkata. Koj od vas e sleden?
Од: nekoj
Датум: 13.12.2010 12:56:36
Novi sili, nova partija, novi luge-cistka na cela administracija. Samo toa ke uspee nisto drugo. Site istoto go pravea poslednive 20 godini i doj kaj ja dovedoa rabotata? Site filozofirate a koga ke dojdete na vlast pak ista prikazna. Tesko deka toa malo drzavice ke opstane.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.12.2010 12:59:55
И вас ви се смејат,мислам на вашата партија кога читаме на Викиликс како нежно и заштитнички се однесувавте кон фамозниот батак мајстор а сопственик на смоки независен медиум.Го куртуливте кога бевте на власт од судски прогон за малверзација од меѓународни размери а се преку вашите просветлени и ептен способни судии.Предизвикавте бес кај американската амбасада а и кај оние од Брисел.Има едно правило,партиски биран судија е лош судија важи и за вас и за власта.
Од: баба Бота
Датум: 13.12.2010 13:20:40
Со оваа инквизиторска влада можеме да се вратиме само во камено доба (сега сме во среден век). Народе македонски, освести се и кажи НЕ на насилството кое го спроведуваат испраните мозоци по директива на Груевски, Маневски, Јанкуловска о останатата братија со фамилиите.
Од: alex
Датум: 13.12.2010 13:26:04
Avtorkata pokraj profesorka na praven fakultet e i ;len na izvrsniot odbor na SDSM, mislam treba da se naglasi neli :D
Од: ivan od Bitola
Датум: 13.12.2010 14:28:37
gospogo ne krade tugi fraz od Bickliski
Од: Читател
Датум: 13.12.2010 14:52:29
Се ќе беше во ред со законот ако нејзината партија беше на власт. Жално.
Од: BMRO ΔΠΜΝΕ - партија на големите Дупки
Датум: 13.12.2010 15:20:29
Трагикомедија: Смешни луѓе,Смешна блада,смешни закони... Логична последица-смешна држава (Смешколенд:)!
Од: забеган.
Датум: 13.12.2010 15:36:56
Кој последен плаче најгорко плаче.Последен пример е Санадер.
Од: девичанецот
Датум: 13.12.2010 15:36:59
Ана, Ана, секако дека ти нема последна да се смееш, се додека си во друштво со пензионерот Б.Ц. Ајде, истреси уште нешто за Пахор....
Од: Snezana Keskec
Датум: 13.12.2010 15:56:37
Profesorke,za se ste vo pravo.Sto da se komentira ? Vo posledno vreme,se pocesto mi doagjaat zborovite na P.P.Njegos ..."Blado onom ko poludi dok je mlad,bar mu zivot progje u veselje"!!!
Од: karokan "gambit"
Датум: 13.12.2010 16:57:29
G-dine Felix,znaev deka ce te ima megju komentatorite i pred da ja otvoram stranata..Baska toa,znaev deka i komentarot ce bide vo sosema sprotivna nasoka od sodrzinata na napisanoto. I sega sto bi komentiral vo vrska so tvojot komentar??????????? Nisto,ama bas nisto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! A i sto bi mozel da komentiram na tekst koj go predvidov pred den-dva. Do zbor!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Bukvalno do zbor!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Razlikata vo sustinata na ovoj tekst i tekstot vo poslednata kolumna na Katerina Blazevska e samo vo potpisot na avtorot. Vo nisto drugo!!!!!!! Ti ja kazuvav ona za sparing bokserot!!!!!!!!! Ce jade cotek za sitni pari. E,pa ce jade koga za tolku go biva!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: јас (Прилеп)
Датум: 13.12.2010 17:35:57
Кој последен се смее - НЕ ГО СВАТИЛ ВИЦОТ ..
Од: Brian, Canada
Датум: 13.12.2010 19:04:52
Mnogu od ovie nabroeni clenovi se prevzemeni od clenkite na EU , a mnogu od niv se zastameni i vo Kanada. Ne mi e jasno zosto g-gjo novinarke se iscuduvate na nesto sto e veke implementirano vo svetot. kako intelektualec i profesor ne mozam da poveruvam deka ne ste gi proverile zakonite vo zapadnite zejmi pred da gi kritikuvate, a se zalagate za vlez vo EU. Navistina kontradiktorno. Na primer tuka za sekoja rabotna pozicija ima proben period od 3-6 meseci, stoe za pozdravuvanje. vremeto e dovolno za da se dokazat "skilsovite" napisani vo "resume"- to. Ako ne - odis nadvor. Mnogu ednostavo i polezno.
Од: љубица
Датум: 13.12.2010 20:06:43
,,Караванот мине , кучињата лаат,, :вели една поговорка, ...и , ако освен лаењето преземеа и акција , можеби караванот не ќе поминеше или барем ќе забавеше па не ќе им беше залудно лаењето...... Идентично со моменталната клима или подобро речено опозициона фрустрација ?-да , токму така !!! Ја испуштија шансата да направат нешто добро за Македонија , па сега бараат друга шанса -предвремени избори , а кога ке изгубат што ли ќе бараат ?....а можеби и тоа им е причина повеќе за да се оправдаат за плукањето наоколу по власта !?! Па... в ред .....вниманието се фокусира кон оние кои вредат(власта) , макар и во стилот на СДСМ-овската ограниченост....
Од: Hari
Датум: 13.12.2010 20:43:31
Na golemo iznenaduvanje na citatelite na Utrinski, se pojavuva edno golemo ime Ljubica, uste eden platenik na Ilindenska bb, koja kako i prosvetleniot Felix se obiduva da go uspori neizbezniot pad na DPMNE.
Од: ana
Датум: 14.12.2010 01:21:07
kaj se smee, posle B92 intervjuto zar se smee, ja umrev od sram koga go gledav, me ubi tugja sramota

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Винарите се' поисплашени од грчкиот притисок
Лена ликвидирана по налог на Абас
Најдобриот ајвар доаѓа од Битуше
Триумфот на премиерот
Кривични пријави за аферата „Патриотска метла“
Калајџиев
Црна Гора добива статус на кандидат за ЕУ
Нова размисла на Г-20
Чудни одлуки за инвалидски пензии
Австрија го уапси Санадер, Загреб чека екстрадиција
Почина американскиот дипломат Ричард Холбрук
Ќе се соблече за Армани
Писмо до Груевски од Александрија
Два бомбашки напада во центарот на Стокхолм
Повторно маестрален концерт
Манчестер Јунајтед го среди безопасниот Арсенал
Кој пее зло не мисли
Бомба го откажа летот од Софија за Атина
Карикатура
Насловна
Работнички ја освои „Железарница“
 

Kosovo and Albania reject accusations of organ trafficking
Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister