Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Претставата „Граница“ ќе се игра во претседателски апартман

Во рамките на „Скопско лето“, вечерва ќе се одржат два настани. Во Куршумли ан во 20,30 часот, ансамблот на народни песни и игри „Орце Николов“ од Скопје, ќе одржи концерт насловен „Ехото на обичаите“. Овој ансамбл е формиран во 1945 година, со цел да ги негува и прикажува обичаите, народните игри, песните, музиката, инструментите и носиите на Македонија.

Во претседателскиот апартман во хотелот „Континентал“, пак, во 21 часот, ќе биде изведена претставата „Граница“ на Венко Андоновски, во режија на Софија Ристевска. Ова е уште една од претставите на Малиот драмски театар од Битола, која се игра на алтернативен, невообичаен простор. Во „Граница“, во која фокусот е ставен на прашањето: до каде може да оди пенетрацијата на тоталитаризмот во нашите домови, улогите ги толкуваат: Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодоровски, Јоана Поповска и Борис Чоревски.


Статијата е прочитана 238 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Прва и трета награда за хорот „Св. Злата Мегленска“ во Калифорнија
Најстарата копија од Библијата достапна на Интернет
Не верувам во политички систем, верувам во личност
„Бољшој театар“ како Скадар