Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Прва и трета награда за хорот „Св. Злата Мегленска“ во Калифорнија

Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“, под диригентско водство на Летка Димовска-Полизова, освои две значајни награди на второто издание на Меѓународниот хорски фестивал во Сент Луис, САД. Хорот „Злата Мегленска“, во силна конкуренција, од која на крајот останале само хорови од САД, Саудиска Арабија, Конго, Филипини и од Македонија, ги освоил првото место, во категоријата слободен избор на хорот, како и третото место во категоријата фолклор. Фестивалот траел од 25 до 29 јуни, а македонскиот хор во САД престојувал 20 дена, со тоа што одржал концерти и во Њу Џерси и Лос Анџелес. Гостувањето е остварено со поддршка од Министерството за култура на Македонија.

„Овие награди ќе имаат посебно место не само за историјата на нашиот хор, туку воопшто за Македонија“, вели диригентката Летка Димовска-Полизова. Таа, на вчерашната прес-конференција, истакна дека хорот ја претставил Македонија на најдобар можен начин и дека присутната многубројна публика на натпреварот ги поздравила со овации. „Св. Злата Мегленска“ извел дела исклучиво од македонски автори, овој пат хорски творби од Тодор Скаловски, Запро Запров, Драган Шуплевски и Александар Лековски. „Нашиот хор досега настапувал на 17 меѓународни фестивали, но овој пат наидовме на навистина врвна организација. Овој фестивал ќе го паметиме по топлиот прием. Целиот град всушност, живее токму за овој фестивал“, вели Полизова.

Куриозитет на фестивалот бил самиот хор-домаќин, кој токму затоа што е домаќин не влегол во конкуренција за награда. Но, како што истакна Полизова, хорот подготвил по една песна за сите учесници на нивниот мајчин јазик, па во чест на македонскиот хор ја испеал детската песна „Татковина“ од „Златно славејче“, во сосема нов и интересен аранжман. (Т.И.)


Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар

Од: Risto Veskov
Датум: 07.07.2009 14:00:30
Licno se uveriv vo kvalitetot na horot koj ni priredi nesekojdneven koncert vo crkvata Sv. Nikola ,Totowa NJ. Ne e nikakvo iznenaduvanje sto osvoi taka vredni nagradi.Bravo na site i prodolzete na ovoj naci da ja prestavuvate Makedonija vo svetot bidejci ova e hor od svetski glas
Од: ana
Датум: 07.07.2009 15:37:50
Bravo za Letka i devokite!!!!

Најди! во Утрински
Култура
Најстарата копија од Библијата достапна на Интернет
Не верувам во политички систем, верувам во личност
Претставата „Граница“ ќе се игра во претседателски апартман
„Бољшој театар“ како Скадар