Македонскиот парламент ќе заседава спроти Нова година, пратениците ќе поставуваат прашања, а премиерот и министрите ќе одговараат. На 31 декември спикерот Трајко Вељаноски планира да ја закаже седницата посветена на пратенички прашања, која според Деловникот се одржува во последниот четврток во месецот.
Пратениците биле согласни седницата да се одржи на 29 или 30 декември, но во тие денови бил зафатен шефот на Владата, Никола Груевски. Опозицијата инсистира на негово присуство, а според агендата на премиерот, тој ќе може да се соочи со пратениците единствено последниот ден од годината. Опозиционерите велат доколку е тоа единствениот слободен термин на Груевски, тие ќе дојдат на собраниската седница и ќе му поставуваат прашања. Инаку, седниците за пратенички прашања неколку пати досега се поместувале поради обврските на премиерот. Но, од Кабинетот на шефот на парламентот велат дека Вељаноски овој пат нема многу простор за маневар. На 21 декември пред пратениците ќе се обрати претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а последната недела ќе има расправа за буџетот. (О.В.)
Прашања ќе има, тоа е сигурно. Но дали ќе има и ОДГОВОРИ?
Од: Sofre New Jersey
Датум: 09.12.2009 04:19:31
Razbirase vo ovaa kuca ima red nee kako porano koj kako ke mu tekne gamboravica. Kako ke vi svirat taka ke igrate a ne na nekoj mu teknalo sednicata dase odrzi na 28 a pa na nekoj 29. Za site pa i za pratenicite 31 dekemvri e raboten den ne bi trebalo dase bunat.
Од: Trajko
Датум: 09.12.2009 10:56:31
Sigurno ke ima i prashanja:Shto Dedo Grujo ke ni donese vo slednata godina ?Za novi izbori sigurno da,a za poubav zivot ke vidime.
Од: Dedo Mraz
Датум: 09.12.2009 11:34:38
Jas mislam deka na sednicata treba da bide pokanet i Dedo Mraz i na site pratenici da im deli paketcinja i razni igracki, bidejci vo Parlamentot se odnesuvaat kako nedorasnati deca.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 09.12.2009 12:47:28
Софре синко од Њу Џерси ногу ти завидувам. И добро е што фати света преку голема вода. Ама синко СОФРЕ одмори малку, олади си ја главата. У тај НОВ ЏЕРСИ зар нема ладна вода да се измиеш. Инаку, рука на срце, ти си жива потврда на онаа народната у нашу Секулицу.БЛАГО ОНОМЕ КОЈ МЛАД ПОЛУДЕЕ. ЦЕУ ЖИВОТ МУ ПРОЈДЕ У ВЕСЕЛИЕ!