Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Три нови жртви на грипот

Бројката починати се искачи на деветмина, на Клиниката се хоспитализирани 112 болни, а во Воената болница 42

Уште три жртви на грипот А (Х1Н1) на Клиниката за инфективни болести во текот на изминатите два дена, со што бројката починати се искачи на деветмина. Како резултат на масивна бронхопневмонија и со свински грип, починале двајца мажи на 35 и на 27 години, соопшти Министерството за здравство.

Едниот пациент бил примен на клиниката во саботата, во тешка општа состојба и веднаш бил ставен на респиратор. Во понеделникот дошло до влошување на неговата здравствена состојба и ноќта е констатирана смрт. Другиот пациент, роден 1982 година, во неделата бил примен во изразито тешка општа состојба, веднаш бил ставен на кислородна поддршка, но во понеделникот нагло му се влошила состојбата и во доцните попладневните часови била констатирана смрт. Истиот ден почина и седмата жртва на грипот А (Х1Н1) во Македонија, 25-годишното момче од Битола, кое било хоспитализирано на 28 ноември во многу тешка состојба.

Вчера и во понеделникот на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани уште 13 нови пациенти, а на Инфективното одделение во Воената болница е згрижен само еден нов пациент со симптоми на новиот грип. Министерството информира дека сите новопримени се во стабилна состојба, освен еден пациент, кој веднаш е ставен на континуирана поддршка со кислород. На Клиниката моментално се хоспитализирани 112 болни, додека во Воената болница се лекуваат 42 пациенти со А(Х1Н1). На Клиниката за детски болести во Скопје деновиве се хоспитализирани 15 нови пациенти и таму болнички се лекуваат 56 деца со симптоми на грип, на возраст од шест месеци до пет години. Новопримените пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца со потешка форма на пневмонија.

„Ако навистина има епидемиолошка состојба со голем број заболени, можно е Комисијата за пандемски грип да одлучи распустот за учениците да започне од Нова година со божиќните празници и понатаму. Многу е битно дали тогаш ќе биде пикот, дали треба понатаму да биде подолг распустот или токму пред Нова година“, вели Јованка Костовска од Комисијата.

Досега во земјава се вакцинирани околу 1.500 лица, од кои 740 се граѓани со хронично заболување. Најчесто се вакцинираат постарите над 60 години. Досега во цела земја само 10 дечиња примиле вакцина против грипот. Во Македонија последнава недела се регистрирани околу 2.770 заболени од А (Х1Н1). Според надлежните, бројката е многу поголема, бидејќи голем дел се лекуваат дома. Костовска упати апел до населението да се вакцинира, бидејќи тоа е единствена мерка што може да ги заштити од грипот, посебно ризичните групи, бидејќи вакцините се за нив. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 2014 пати.

Испрати коментар

Од: Читател
Датум: 09.12.2009 02:25:50
Се надевам дека нема да ги распуштат учениците порано без воедно да прогласат и вонредна состојба за епидемијата. Бе�� наредба за забрана на посета на места за јавни собири (како дискотеки каде што децава први ке потрчаат) нема да се направи ама баш ништо.
Од: Mina
Датум: 09.12.2009 08:31:23
Navistina neznaev deka tolku nenacitan narod sme iako celo vreme se eksponirame kako sme mnogu obrazovani i nacitani.Da se plasime od vakcinacija koga sekoj den ni umira po nekoj.Nie treba da barame sami od vladata da ne vakcinira site i da ne zastiti od gripot.Nivna dolznost e da se vakciniraat site,sega vo Evropa se vakciniraat i deca od 6meseci a pocnuva i davanje na vtorata doza za deca od 6 do 13god.Ako ne se vakcinirame naskoro ke nastane zastoj vo drzavata.Ucenicite nema da odat na uciliste,site ke se zarazuvame edni od drugi zatoa sto ne sme zastiteni.Slusnav deka lugeto so muslimanska veroispovest nesakale da se vakciniraat oti nekoj im rekol deka ima nesto od svinja vo vakcinite,no zosto ne sakame nie da se vakcinirame?
Од: lide
Датум: 09.12.2009 09:49:10
Zosto ministerot za zdravstvo ne proglasi epidemija na grip koga veke brojot na smrtni slucai e devet , zosto ucenicite ne se prat porano na raspust ,zosto ne se zatvorat kafanite i diskoteki te, za Nova godina na aerodromot, zeleznickite i avtobuskite stanici da se postavi karantin sto se ceka ....
Од: Трпе
Датум: 09.12.2009 10:12:56
Како што ни е опремено здравството,слободно секој смртен случај може да се препише на грипот.
Од: dr-zivago
Датум: 09.12.2009 11:35:52
se soglasuvam sotoa deka predvremen raspust od svinski grip nema da bide efikasnosta nikakva ako ne se proglasi epidemija poso od skolo pak po diskotekike se sobirat nego nemame nie medicina kako so treba pa i toa e golem problem po stranstvo dijaliza na krvta pravat procistat go i tolku kako nov so sledam na net a kaj nas na istite respiratori gi stavat lugeto so veke previse se zagadeni i odma nastapila smrt zalno e e voa so ga pravat vestacki sozdaden grip
Од: Pacient
Датум: 09.12.2009 11:39:41
So vakvo zdravstvo.......tesko nas!!! Imeno i ja sum eden od tie sto go prelezaa ovoj grip i iskreno epten se napativ.....Site pisuvaat za gripot a nikoj ne pisuva za odnosot na vrabotenite vo Infektivna klinika,za odnosot niven sprema pacinetite... Vo minatiot Vtornik navecer posle polnok od 02h do 04:40 cekav so 40 C temperatura,groznici,vrtoglavici,treski i sto se ne cekav vo ladniot hodnik na infektiva,za da me primat na pregled od kade sto "finite sestri"mi rekoa da pocekam uste malku...I posle skoro 3h cekanje me pratija vo labaratorija da mi zemat krv za da ispitaat i od tamu mi odgovorija deka ke treba da pocekam uste 5-10 minuti za rezultatite...Posle 15 minuti povtorno vlegov za da prasam za rezultatite i pak istiot odgovor-da pocekam nadvor vo hodnik i deka ke me viknat...i taka tie 5-10 minuti se pretvorija uste vo 65 minuti...Znaci 4h gi pominav vo LADNIOT HODNIK na infektivnata klinika..a personalot sto raboti tamu ic ne go boli za narodot sto e bolen....

Најди! во Утрински
Политика
Посебни термини за изгубени лични карти и со поминат рок
И би Свети Климент
За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ
Жени и сестри на судии именуваше за нотари од министерот
Пратенички прашања спроти Нова година!
Во Србија биометриски пасош најдолго за 10 дена