Бледа и недолична прослава на новиот празник установен пред две години
Соња Крамарска
Едвај стотина луѓе од државниот врв и нивни приврзаници од повеќе сфери се собраа да го прослават државниот празник Свети Климент Охридски, установен пред две години од демохристијанската влада на премиерот Никола Груевски. Славењето на празникот се совпадна со фамозниот 7 декември - денот кога Европската унија требаше да се произнесе за препорака на Европската комисија за определување датум за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ.
Мачна и несоодветна беше атмосферата на прославата. Како по обичај, од опозицијата немаше претставник, а ниту од албанските партии. Паско Кузман, Тодор Петров, целиот црковен врв, претседателот Ѓорге Иванов и министрите за правда Михаило Маневски, за надворешни работи Антонио Милошоски и за одбрана Зоран Коњановски - беа ѕвездите на оваа сиромашна прослава. Дојдоа и амбасадорите, сите освен амбасадорот на САД, Филип Рикер, веројатно во обид од прва рака да го дознаат расположението на државниот врв од одлуката што се носеше во Брисел.
Но, што се случи? Коктелот што беше замислен по свечената церемонија се претвори во бледа слика на она што треба да претставува една држава која е на прагот на членство во ЕУ. Претседателот Иванов се опкружи со сигурносниот ѕид од црковни великодостоинственици кој никој не можеше да го пробие. Министерот за надворешни работи, Милошоски, на кого очигледно му беше поважно да го прослави Свети Климент Охридски наместо да чека во ходниците на Брисел каква одлука ќе биде донесена за Македонија, времето предвидено за коктелот го помина во тоалетот.
Попусто се обидуваа амбасадорите и ретките новинари да го доловат расположението на македонскиот политички естаблишмент на денот „Д“. Први се снајдоа амбасадорите кои веднаш го напуштија настанот. Остана само германската амбасадорка Улрике Кноц, која осамена шеташе низ холот на Домот на АРМ во обид да најде соговорник. Најпосле, виде познати лица и се доближи на групата составена од шефицата на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, шефот на парламентот Трајко Вељановски со сопругата и потпретседателката на парламентот Светлана Јакимовска.
Но, што се случи? Доверливиот разговор наеднаш беше прекинат и се слушна гласот на Бонева проследен со без малку клањање до земја и извештачена насмевка и реплика на македонски јазик: „Добровечеееееер, многу ни е чест што сте вечерва овде со наааааас“. Вељановски глумеше дека е задлабочен во разговор со сопругата и со Јакимовска, веројатно оти му е тешко да се разбере со германската амбасадорка. По неколку куртоазни реченици што мораа да се одвиваат на македонски јазик, проследени со несоодветното и изнасилено смеење на Бонева, Кноц крена раце и се прости од „домаќините“. Таа беше последниот амбасадор што остана во својата упорност да добие каков-таков брифинг за одговорот на македонските власти на одлуката на ЕУ.
Доцнењето на министерот за правда, Михаило Маневски, кој пристигна на средината на прославата и десет минути стоеше на врата додека да биде забележан од протоколот, демонстративното заминување на Паско Кузман во моментот кога говорницата ја напушти архиепископот г.г. Стефан, а дојде претседателот Иванов и 30-минутниот престој на шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, во тоалетите за време на коктелот, оставија непријатен впечаток за прославата на празникот Свети Климент Охридски.
Што може да се коментира по такви случувања? Можеби најсоодветно е да се прашаме дали навистина ги исполнуваме културолошките, етичките и политичките стандарди на Европа. Мизерната прослава на празникот Свети Климент Охридски изнесе на виделина загрижувачки состојби во Македонија, политички противречности, дипломатска недораснатост и ниска свест за професијата народен претставник или политичар.
Novinarke, sto se cudis? Ova sto si go videla e ona za sto pisuvano..."Merzosta na zapustenieto!". Sto ne go prasa i Stevota, kaj mu visokite gosti-Vladici od drugite pravoslavni crkvi, a ne samo eden Ruski pop. Vaka li toj go proslavuva svojot patron? Go pratile za smeenje samo prota Blasov. Beda. BTW, Odlicen tekst.
Од: економист
Датум: 09.12.2009 09:36:42
Браво новинарке!Одлицен текст! Многу реално приказана ситуација за нашите состојби!
Од: od toni
Датум: 09.12.2009 10:40:41
tekstot kako od biltenot na sds
Од: Благоја
Датум: 09.12.2009 11:10:54
Прогласувањето на празникот Свети Климент Охридски за државен, не беше ништо друго до ставка на агендата за популизам.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 11:33:56
Драга г-ѓа Крамарска во вашиот камермански опфат на присатните и нивното однесување не гледам дека сте ја ,,снимиле,,опозицијата,како таа се однесувала или што е најтрагикомично посе изгледа и небила присатна на чествувањето на празникот,дали и нив им е празник станува дискутабилно.И како второ не ја опсервирате мега бруката во Орид ,во кој на власт се помодрените и кој ,,види беља,,одбија да ги доделат наградите на заслужни сограѓани и еден пратеник од ВМРО.Овој пратеников мора да е кривецот за скандалот.
Од: Игор
Датум: 09.12.2009 13:05:36
Ова е дното на македонското новинарство. Каков мизерен стил на пишување. Тоа е. Во злобата да се наштети на овој естаблишмент, кој има за што да се критикува, едно од ударните пера на Утрински се симна долу. Многу подолу од Бонева. Штета. И мизерија во исто време.
Од: od mk
Датум: 09.12.2009 15:34:28
koga ke se potrsat vakvite tekstovi i ke se namali brojot na petokolonasite MK ke bide drzava