БЕЛГРАД - Министерството за внатрешни работи, односно нејзината Управа за управни работи на повеќе од 400 места низ земјата (полициски управи и станици) издаде досега повеќе од два милиона биометриски документи (лични карти, пасоши) за граѓаните на Србија.
МВР на Србија поради втората генерација биометриски пасоши со чип со отпечаток на прстите, од 18 ноември до 1 декември годинава, изврши реконфигурација на системот за издавање документи, па во тој период не беше можно поднесување барање за биометриски документи по итна постапка, додека редовните барања нормално се примаа. Како што тогаш беше соопштено од МВР, Европската комисија за биометриски пасоши ги обврза сите земји-членки на ЕУ да ја воведат „втората генерација биометриски пасоши“, која подразбира пасоши со отпечаток на прсти во чип, како и тоа дека во Србија пред претстојната визна либерализација е важно што побрзо да го воведе овој систем. „На сите граѓани на кои веќе им се издадени биометриски пасоши без отпечатоци на прсти во чип, не ќе мора да ги менуваат своите патни исправи, бидејќи тие ќе важат до датумот на истекот и ќе бидат валидни исто како и пасошите од новата генерација“, е наведено во соопштението на МВР на Србија.
До денес се издадени 1.300.000 нови биометриски пасоши. На овој број треба да се додадат и околу пет илјади нови пасоши со чип издадени од 1 декември. Рокот за издавање на новите биометриски пасоши во последно време во практика е скратен од 30 на десет дена, па редиците и не се така големи. Граѓаните во исклучителни ситуации како што се лекувањето во странство, известување за смртен случај ��ли тешка болест на член од потесното семејство, неодложен службен пат или за други оправдани причини може да добие пасош за 48 часа, ако со барањето достават и докази што ќе ги потврдат причините за итност.
Барањето за издавање пасош се поднесува во полициска станица на чие подрачје живее граѓанинот, а може да се поднесе и преку надлежното дипломатско или конзуларно претставништво.
Во Белград на граѓаните им е овозможено без оглед во која општина на територијата на градот имаат пријавено живеалиште, односно престојувалиште да може да поднесат барања за издавање пасош во која било полициска станица, како и управа за управни работи на „Лермонтова“.
Во согласност со Законот за патни исправи, МВР е должно во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да издаде нова исправа, а по барањето за издавање пасош поднесено во странство рокот е 60 дена.
Инаку, со измените на Законот за патни исправи што се на дневен ред на тековната седница на Собранието на Србија, рокот на важењето на пасошите се продолжува до крајот на 2010 година. Првобитно, беше предвидено старите пасоши да важат до крајот на оваа година. Во образложението е наведено дека измената е неопходна поради тоа што дипломатско-конзуларните претставништва на Србија во одредени држави се' уште не се технички опремени за аквизација на биометриски податоци.
Ај нека ги прашаат нашиве службеници од МВР како успеале да организираат така успешна акција и да го применат тој систем и овде. Ај на сите што има закажале до година нека им презакажат нема да им се лутиме, само нека ја опраат работата во стил на нашите северни соседи. Барем да отидеме надвор летово на одмор. оОвие нашиве само се правдаат со технички и правни проблеми ама изгледа не им се работи.
Од: Lično iskustvo
Датум: 09.12.2009 11:19:07
Споредено со она што можам да го прочитам за постапката за добивање нова лична карта и пасош во Македонија, и она што самата го имам видено во Скопје, ситуацијата во Србија е навистина многу подобра. Но податокот дека рокот е 10 дена не е точен, барем за Белград.
Од лично искуство знам дека сега рокот е 20 дена, но организацијата е многу подобра.
Нема закажување по телефон, се оди изутрина помеѓу 7 и 7.30 часот за закажување и се добива термин за истиот ден и во тој термин, без никаква гужва, се поднесува барање, може истовремено и за пасош и лична карта. Порано и овде гужвите беа поголеми, но надлежните нешто научиле и ја прилагодиле организацијата. Се надевам дека и во Скопје некој ќе седне и ќе размисли што треба да се промени во организацијата и да им се овозможи на граѓаните да ги остварат своите права во разумен рок и без непотребни малтретирања.
Од: pijam nafta
Датум: 09.12.2009 12:22:54
па во Србија полицијата не е циркус како кај нас- најголемите клошари и криминалци ги облекоа во униформи. Сум бил во Србија многупати и при редовните пријавувања за престој во полиција бев запрепастен од професионалноста и брзината на вработените во српската полиција. На друго место не знам, но јас сум од Кочани и Ве повикувам да дојдете во одделението за управни работи при МВР и да ја видите состојбата. Само ве предупредувам немој да помислите дека влегувате во пензионерски дом, бидејки на 5 шалтери сите се стари како крокодили и уште бараат буква на тастатурата , а тетката која слика не знае како да си го вклучи компјутерот и што е лев клик на глувчето :) ЕПА СО ТАКВА АДМИНИСТРАЦИЈА НЕМА БРЗИНА ВО РАБОТЕЊЕТО!!!
Од: od sopa
Датум: 09.12.2009 15:00:48
vo srbija ima ludje koi cekat povece od 9 meseci za da dobijat pasos.ne mojte da mislite deka kaj niv,. ja imaat situacijata vo race