Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Жени и сестри на судии именувани за нотари од министерот 

Гордана Дувњак


По повеќе од шест месеци од објавувањето на конкурсот, министерот за правда Михајло Маневски, конечно, именуваше поголема група нотари. Од 22 испразнети места, засега се пополнети 18, додека за четири места се' уште се прават проверки. Непополнети се по едно место во Скопје, Битола, Кочани и во Куманово.

И покрај тоа што имињата на новоименуваните нотари се' уште се држат во тајност додека не заврши законската процедура, сепак, нивните имиња почнаа да излегуваат во јавноста. Првичните реакции во правосудните реакции се дека и овој пат не е избегнато од „стандардната шема“ и за овие престижни места со јавни овластувања, кои се во врвот по заработка во државата, се именуваат луѓе блиски до првиот човек на правосудството и роднини на носители на судски функции.

Дознаваме дека именувани се сопругите на двајца судии, на новиот врховен судија Ристо Катавеновски (Ивана Ефтимов) и на претседателот на штипска апелација Стојанче Рибарев (Лидија Рибарева), како и сестрата на истражен судија од скопска „единица“ (Јасмина Радончиќ). Според неофицијалните информации на „Утрински весник“, покрај овие три именувани нотарки, од кои две се во Скопје, а една во Штип, за нотари во главниот град зелено светло добија и Анита Адамчевска, Анастасија Петреска, Дрита Лимани и Муамет Шеху. За Битола е именуван Маринчо Вељановски, во Велес - Звонимир Јованов, во Прилеп - Натали Ацеска, во тетовското подрачје - Весна Масловарски-Костовска и Милаим Емурлаи, во Охрид - Никола Кузмановски, во Куманово - Мартин Божиновски, во Гевгелија - Маргарита Вангелова, во Гостивар - Тасим Саити и Себадин Даути, а во Кичево - Ахмет Халими.

Од Министерството за правда се воздржани околу објавувањето на имињата, бидејќи, како што тврдат, процедурата не е докрај завршена.

„Новоизбраните нотари се именувани на 1 декември и за тоа се известени, но од денот кога се известени, тече рокот од 30 дена во кој тие треба да докажат дека, во согласност со прописите, обезбедиле простор во тврда градба од 30 квадратни метри, а комисијата на ресорното министерство треба да направи увид на самото место. Дури кога тоа ќе се обезбеди, именуваните нотари ќе потпишат свечени изјави и ќе можат да почнат со работа“, ни изјави Здравка Скаловска, раководителка на Секторот за надзор на работата на нотарите, медијаторите и извршителите при Министерството за правда. Таа не се согласува со критиките дека предолго се чекало на изборот на нотари. Вели дека и покрај тоа што конкурсот бил објавен на крајот на мај, треба да се има предвид дека фатиле летните одмори, но и големите обврски што ги имало Министерството за правда околу подготовка на закони. Скаловска не сака да навлегува околу тоа кои биле пресудни критериуми при изборот, иако додава дека пресуден бил зборот на министерот.


#
Статијата е прочитана 2909 пати.

Испрати коментар

Од: Oktopod
Датум: 09.12.2009 00:17:01
Ministerot Manevski sozdade totalen partiski oktopod vo (krivo)sudstvoto: sudii, notari, advokati i izvrsiteli! Taksite za advokatite, notarite i izvrsitelite se evropski, a platite makedonski! Advokatite, notarite i izvrsitelite ne se fiskalizirani i povrzani kako ,,svinski creva,, gi derat se posiromasnite gradjani na Makedonija. Po pretstojnata smena na vlasta, novata vlast treba pod itno da pristapi kon sreduvanje na katastrofalnite sostojbi vo haosot sto go napravi aktuelniot minister za (krivo)sudstvo!
Од: zoran
Датум: 09.12.2009 02:17:08
pa vo site zgradi na site sudovi vo makedonija, vraboteni se po nekolku familii, toa i e familiraen biznis, site sudii. edniot rodnina e obvinitel, drugiot advokat, tretiot sudija. familjarna banda
Од: Sofre New Jersey
Датум: 09.12.2009 04:08:48
Vise volim sebe nego tebe normalna rabota. Koga bi bila i druga partija na vlast iastoto bi go napravile. Netreba da ima dilemi okolu toa normalna rabota sto ke baram nekoj drug ovoj e domene.
Од: Скопјанец
Датум: 09.12.2009 07:58:13
Ај што е непортизам туку е и идиотизам со Нотарите. Вработуваат и не ги пријавуваат лицата кои им р,мбаат непријавени за безпари а на име на нивните керки и синови. Пример; Нотарот на ул. Рузвелтова Синадиновска. Каква правна држава се пропагира, добиле сертификат да ја застапуваат правдта и законот а се занимаваат со криминални и незаконски работи. Имаат списоци на судски преведувачи кои не се присутни во државата а се потпишуваат на преводите (актите). А можеби и не е срамота.
Од: ana
Датум: 09.12.2009 08:15:36
do koga ovoj minister ke go srami sudstvoto. cekase poveke od 7 meseci za da go napravi izborot, a potoa izbra iminja koi moze i malo dete da gi prepoznae. dali nekoj go prasal koj mu e kriteriumot za izbor? dali ednas veke ovoj covek ke zamine vo penzija zosto toj e sram za makedonskoto pravosudstvo.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.12.2009 09:11:27
Не е чудно - во Земјата на Чудата, на првата година студии на правен факултет го учат основното правило: „Законите Постојат за да се Прекршуваат!“! Тука, на Самиот Почеток, Умира Правдата и Правичноста! Аааа.... меѓу жените и сестрите има и по некоја Швалерка! :)Р
Од: suden
Датум: 09.12.2009 09:24:45
Eden imenuvan spekulira deka dal evra za toa. Nezdrela rabota. Pa neka se licitira za tie mesta pa koj ke plate neka klate.
Од: hazemina RADONCIK
Датум: 09.12.2009 09:24:51
toa sto se imenuvani sestri i zeni na sudii ne e vash problem ceneta reakcijo..imajte i vie bart maz...ljubovnik kade sakate i butkajte si go patot na kakov nacin sakate..dzabe se suvisni komentari i predrasudi..a so samiot cin sto poveke od eden celn napreduva vo opstestvoto e znak deka stanuva zbor za izvesen kvalitet!a bi se dovele vo prasanje koga vasite deca bi bile novinari pa nie bi trebale da plukame po vas i da ve markirame kako totalni gubitnici i nesposobni roditeli?!pfff sramota!odi i najdi dr tema vredna za pisuvanje!
Од: Junior
Датум: 09.12.2009 11:43:50
De sto ste zapnale da go napadjate nasiot perspektiven i reformatorski raspolozen minister , g-din Manevski. Pa covekot e seuste mlad i neiskusen . Ima vreme i ce nauci. Samo napred g-dine Manevski. na mldite svetot ostanuva, a kolku mi e poznato ti si mnogu pomlad od Metuzalem.pa imas vreme vo izobilie na raspolaganje za sproveduvanje na tvoite epohalni reformi vo sudstvoto.
Од: Trajko
Датум: 09.12.2009 12:23:08
Nepotizamot e najgolem,koga se na vlast laznite patrioti i licemeri.Ima mesto za cela familija pa i za shvalerkite kako shto spomna nekoj.Dali se sekavate za sluchajot Zarevski,koga togashnata opozicija dpmne-ovcite zamalku ke go linchuva chovekot shto si ja vraboti soprugata kako stomatolog vo vojna bolnica.Ovie dpmne-ovcite rabotat kako popovite.Ne gledaj shto rabotam,slushaj me samo shto zboruvam.No ke dojde denot koga ova zlo mora zasekogash da si zamine a pred toa ke platat so visoki kamati.
Од: radica
Датум: 09.12.2009 12:39:36
neli ova uste ednas pokazuva ne ne biva kako nacija ne slucajno ne mozeme da vleze vo eu nato nikade seuste sme vo tursko.
Од: verag
Датум: 09.12.2009 12:43:31
За да бидеш судијА ПОРОТНИК ,не само на хартија туку присутен на судења, мора да имаш роднина во судот. А за нотари секако треба да имаш роднини во партијата на власт,како што вероватно имаат поставените судии кои се посочени. Инаку кај ДПМНЕ нема никојпат непотизам,дури кога братучечеди се на висока позиција- тие само ги одбираат најспсобните,а тие случајно се роднини.
Од: Рузвелтова
Датум: 09.12.2009 14:03:22
И јас како и скопјанецот сум сведок дека Нотарката Синадиновска држи непријавени лца кои безмилосно ги експолатира наметсо да го почитува законот и Нотаријатот и истите држи пријавени. Срамота. Каде е инспекцијата. Или пак, таа е само за вработени СДСМ-овци.
Од: isplasen od situacijata
Датум: 09.12.2009 15:29:07
dali upravata za javni prihodi ke se pozanimava so ovie strukturi vo ova drzava ovde ima najgolem kriminal i korupcija nieden advokat i nitu eden notar ne izdava fiskalna a da ne zboruvame za nepotizam koj dlaboko e vkorenet vo sudstvoto ne e ni cudo sto site investitori bi si zaminale od ovaa drzava
Од: draga
Датум: 09.12.2009 15:46:44
gospodine premier daj veke ednas razresete go ovoj manevski abe se puzder napravi do koga ke ni go crni obrazot samo aferi se motaat okolu nego i crn branko e pobel od nego.

Најди! во Утрински
Политика
Посебни термини за изгубени лични карти и со поминат рок
Три нови жртви на грипот
И би Свети Климент
За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ
Пратенички прашања спроти Нова година!
Во Србија биометриски пасош најдолго за 10 дена