Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економи��а
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Талибанци убија дете

На осумгодишно девојче му бил даден пакет во кој имало бомба да го однесе во полициска станица

КАБУЛ - Осумгодишно девојче загина во експлозија на југот на Авганистан во напад на терористи врз полициска станица. Судирите меѓу талибанците и безбедносните сили продолжуваат.

Девојчето е единствена жртва на нападот бидејќи терористите му дале пакет во кој имало бомба и му рекле да го однесе во полициската станица. Кога девојчето влегло во зградата со пакетот, терористите ја активирале бомбата. Во петокот беше фрлена бомба врз болница и во тој напад загинаа 38 луѓе, главно, постари луѓе, бремени жени и деца. Десетина луѓе беа тешко повредени.

Во последните 24 часа 32 талибанци се убиени, а 25 повредени во текот на операцијата на авганистанските безбедносни сили во северозападната провинција Бадгис, при што настрадаа и четворица авганистански војници. „Операцијата беше интензивирана минатата ноќ и оттогаш повеќе од 57 талибански борци се убиени, ранети или се уапсени, изјави генералот, кој се претстави како Шахзад.

Четворица авганистански војници се убиени, а тројца ранети во текот на операцијата што започна вчера, додаде тој. Во Авганистан сега се наоѓаат околу 130.000 странски војници, кои под команда на НАТО, се борат да го спречат деценискиот бунт на талибанците во земјата.

Американскиот претседател Барак Обама неодамна најави дека повлекувањето на американските војници, во Авганистан се околу 100.000, ќе започне во јули и дека нивниот број ќе биде намален за една третина до следното лето. Повлекувањето ќе биде направено во согласност со претходниот план дека до крајот на 2014 година одговорноста за стабилноста во земјата ќе биде целосно префрлена на авганистанските војници. (Б 92)


#
Статијата е прочитана 572 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Хаг ги бара Гадафи и син му Саиф
Југословенските војни продолжуваат во книгите
На младите Италијанци им зовре
Сто дена бомбардирање на Либија
Олигарх против Путин
Швеѓаните не сакаат во НАТО
Хуго Чавез во критична здравствена состојба

"""