Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

На младите Италијанци им зовре

Италија е една од земјите со најголем број невработени
млади луѓе во ЕУ

Италија има нов дежурен виновник - министерот за јавна управа Ренато Брунета. Еден негов настап во Рим му беше судбоносен. Италијанците се убедени дека Брунета си го покажа своето вистинско лице. Имено, за време на собирот на подиумот, се качи една млада жена и рече дека е невработена, а потоа побара објаснување од министерот. Тој, пак, наместо да и' одговори на младата жена, ја напушти салата пцуејќи. „Вие сте најмизерното во Италија“, рече притоа министерот Брунета.

Незадоволството расте, и тоа не само поради контроверзниот шеф на владата Силвио Берлускони и неговите скандали, туку, пред се', поради бесперспективноста на младите Италијанци, кои наскоро можат да ие' приредат на земјата слични инциденти како оние во Грција и во Шпанија.

Откако министерот Брунета по својот засрамувачки настап, сакаше си замине со службениот автомобил, пред него застанаа млади невработени Италијанци. „Јас чекам одговор!“, викаше еден од младите. „Сакате да ме прегазите?“

Но, министерот замина со автомобилот. Изгледа дека мотото на италијанската влада, со оглед на критичната ситуација на пазарот на труд, гласи: замижи и помини. Еден од младите демонстранти се жали: „По седум години работење со ограничени договори, се' уште немам никаква финансиска гаранција. Заработувам 700 евра месечно, немам одмор, немам никакви права, немам иднина и респект“.

Шеесет проценти од младите Италијанци на возраст од 18 до 29 години заработуваат помалку од 1.000 евра месечно. Триесет проценти од младите Италијанци, пак, немаат воопшто никаква работа. Само 10 проценти имаат стабилно работно место и колку-толку пристојна месечна плата. Емилио Сабатино од Рим не се вбројува во овие десет проценти:

„Еден научник заработува 800 евра“. Толку изнесува и месечната кирија за стан во Рим. А, зборот „прекариат“ беше измислен токму во Италија. Во „прекариат“ се вбројуваат сите оние кои немаат сигурни работни места и немаат големи надежи за во иднина. Животните услови на тие луѓе може да се објаснат накратко со зборовите: добро завршено образование и лоши месечни примања. Затоа, голем број млади Италијанци си заминуваат од земјата:

„Имаме извонредни луѓе, тие стануваат најдобри лекари, професори по историја на уметност, но во Канада, САД, Франција и Германија, не во Италија. Ова, се разбира, е голема загуба за земјата“, вели еден демонстрант.

Стопанскиот раст е слаб, па дури и во богатиот источен дел на земјата станува се' потешко за младите луѓе да најдат некакво вработување. Политиката го дава својот придонес и за тоа Италија, во споредба со останатите европски земји, да изгледа старомодно. Штотуку беа укинати илјадници практикантски места за остручување на средношколците. Ова повторно ги погодува младите кадри, кои треба да почнат да работат. За Емилио Сабатино само еден е виновен за ваквата мизерија во земјата, а тоа е премиерот Силвио Берлускони:

„Тој беше избран поради неговите големи програми и ветувања. Меѓутоа, ништо не исполни. Италија стои во место. Што се однесува до стопанскиот пораст во Европа, се наоѓаме на последните места. Економијата скромно се развива и се' ќе пропадне“.

Во почетокот на јуни Италијанците со референдумот за атомската енергија на Силвио Берлускони му приредија голем пораз и му зададоа многу поголема болка отколку со какви било други масовни демонстрации. Ова беше поттикнато од млади луѓе, кои ги мобилизираа гласачите преку интернет. Пораката до Берлискони е јасна: ние ќе се браниме. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 733 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Хаг ги бара Гадафи и син му Саиф
Југословенските војни продолжуваат во книгите
Талибанци убија дете
Сто дена бомбардирање на Либија
Олигарх против Путин
Швеѓаните не сакаат во НАТО
Хуго Чавез во критична здравствена состојба

"""