Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Хаг ги бара Гадафи и син му Саиф

Издаден налог за апсење од Меѓународниот
кривичен суд

ХАГ - Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) вчера издаде налог за апсење на Моамер Гадафи, неговиот син Сеиф и првиот човек на разузнавањето Абдула ал Сануси, по обвиненија за злосторства против човештвото во четиримесечната пресметка на либискиот лидер да се задржи на власт.

Судиите посочија дека трите лица се бараат поради наредување на убиства, повредување, апсење и затворање стотици цивили за време на првите 12 дена од востанието за соборување на Гадафи од власт и поради обидот да се забошотат наводните злосторства.

Налозите за апсење ги претвораат Гадафи, неговиот син Сеиф ал Ислам Гадафи и шефот на разузнавањето, Абдула ал Сануси, во меѓународно барани осомничени, потенцијално комплицирајќи ги напорите да се посредува во ставање крај на повеќе од четиримесечните интензивни борби во оваа северноафриканска држава.

Судијката-претседавач Санџи Монгенг од Боцвана вчера изјави дека има „разумна основа да се верува“ дека Гадафи и неговиот син се „кривично одгово��ни како индиректни коизвршители“ на убиства и прогон на цивили. Таа го нарече Гадафи „неоспорен лидер на Либија“, кој има „апсолутна максимална и несомнена контрола“ врз армијата и безбедносните сили на земјата.

Либиски официјални лица го отфрлија авторитетот на судот дури и пред да биде прочитана одлуката во судницата во Хаг, тврдејќи дека судот неправедно го вперува прстот кон Африканците додека го игнорира она што тие ги нарекуваат злосторства извршени од НАТО во Авганистан и во Ирак „и сега во Либија“. „ИЦЦ нема никаков легитимитет. Ние ќе се справиме со тоа... Сите негови активности се насочени кон африкански лидери“, изјави портпаролот на владата, Муса Ибрахим, во неделата пред новинарите. (АП)


#
Статијата е прочитана 412 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Југословенските војни продолжуваат во книгите
Талибанци убија дете
На младите Италијанци им зовре
Сто дена бомбардирање на Либија
Олигарх против Путин
Швеѓаните не сакаат во НАТО
Хуго Чавез во критична здравствена состојба

"""