Се заострува политичката криза
Тирана - Албанската опозициска Социјалистичка партија најави дека повторно ќе по��не да го бојкотира парламентот откако не успеа да го реши спорот со премиерот Сали Бериша за неправилностите на последните парламентарни избори.
„Социјалистите, кои имаат 65 од вкупно 140 пратеници, одлучија денеска да не учествуваат во гласање во парламентот“, потврди шефот на пратеничката група Грамос Ручи. Во таа партија најавуваат и нови улични протести откако владејачката Демократска партија не го прифати нивното барање за повторно пребројување на спорните гласови на изборите што се одржаа пред една година.
Социјалистите под притисок на европските официјални лица во мај го прекинаа бојкотот на работата на парламентот и штрајкот со глад.
|