Седум години затвор за „д-р Смрт“
БРИЗБЕЈН - Хирургот наречен „доктор Смрт“ во Австралија поради серијата несоодветно изведени операции, вчера беше осуден на седум години затвор за убиство на седуммина пациенти и трајно повредувајќи друг. Поротата го осуди американскиот државјанин роден во Индија, Џајант Пател (60), два дена претходно по три обвиненија за убиство и едно за предизвикување тешки телесни повреди додека бил хирург во болница во државата Квинсленд од 2003 до 2005 година.
Пресудата беше донесена по повеќе од 25 години откако се покренаа прашања за компетентноста на Пател и и' стави крај на петгодишната сага на пациентите и нивните семејства кои го обвинуваат Пател за непоправливо оштетувајќи ги нивните животи.
На судскиот процес Пател беше обвинет дека бил воден од „токсично его“ да изведува операции што му забраниле американските власти да ги спроведува. (АП)
|