Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Планираа крвав концерт за Кадиров

Самоубиецот кој сакаше да го ликвидра претседателот на Чеченија, не успеа да влезе во салата

МОСКВА - Чеченските терористи во средата вечерта се обидоа уште еднаш да го убијат Рамзан Кадиров, претседател на оваа мала република на Кавказот. Преку свои луѓе терористите дознаа дека Кадиров ќе присуствува на концертот на познатиот пејач од Кавказот, Валид Дагаев, па го испратија 22-годишниот самоубиец Адам Халидов. Тој не успеа да влезе во салата, бидејќи им беше сомнителен на полицајците. Кога тие побарале од него да се легитимира, тој се обидел да побегне, но полицајците го стигнале и тој го активираше експлозивот.

Терористот Адам Халидов не сакаше да се предаде, па во сендвич меѓу два полициски автомобила го активираше експлозивот. Телото на терористот се разлета во пречник од сто метри. Во овој напад беа ранети тројца полицајци и две жени. Халидов е роден на периферијата на Грозни. Неговиот брат веќе долго време е во редовите на вооружените сепаратисти. Полицајците, кои го задржаа терористот, ќе бидат наградени со ордени на Чеченската Република.

Интересно е тоа што по експлозијата концертот, сепак, беше одржан. На тој начин претседателот Рамзан Кадиров сакаше да им покаже на своите граѓани дека не се плаши од терористите. „Не ми е јасно што сакаше тој терорист. Полицијата професионално реагираше. Самоубиецот не можеше ништо освен да го активира експлозивот и да се разнесе себеси. Лошите луѓе, кои ние ги нарекуваме шејтани, сакаа да ни го расипат празникот. Му благодариме на севишниот и на будноста на нашата полиција што терористот не направи поголема штета“, изјави претседателот Кадиров.

Сличен терористички акт против Рамзан Кадиров имаше во Грозни на 28 јули минатата година. Тогаш во театарско-концертна сала се одржуваше претставата „Град направен на лед“. Кадиров имаше намера да дојде да ја гледа претставата, но задоцни. Поради тоа што терористот не го пуштија во салата, тој на влезот го активираше експлозивот и тогаш загинаа шестмина. Од нив четворица беа полицајци и двајца граѓани на Турција и на Грузија.

Да потсетиме, таткото на Рамзан, муфтијата Ахмат Кадиров, кој беше претседател на Чеченија, беше убиен на 9 мај 2004 година за време на свеченото одбележување на Денот на победата над фашизмот на стадионот во Грозни. Терористите со помош на некои од работниците ноќта пред свеченоста поставија експлозив на трибината. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка
Медведев попопуларен од Путин
Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија
Седум години затвор за „д-р Смрт“
Талибанците не преговараат со НАТО
Се заострува политичката криза
Ќерката по стапките на Жан-Мари Ле Пен
Државата заработува на пасошите
Потрага по избеганиот руски шпион