Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Талибанците не преговараат со НАТО

Талибанците во Авганистан соопштија дека нема да влезат во преговори со НАТО додека странските сили не се повлечат од земјата. Во соопштението од бунтовниците доставено до Би-Би-Си се наведува дека тие веруваат оти имаат "предност" и се сигурни дека "победуваат". "Ние не сакаме да разговараме со никого - ниту со претседателот Хамид Карзаи, ниту со некои странци - се' додека странските сили не се повлечат од Авганистан", пишува во соопштението. "Ние сме сигурни дека победуваме. Зошто да зборуваме со некого ако имаме предност и странските сили размислуваат за повлекување, и има разлики меѓу високите офицери кај нашите непријатели".

Би-Би-Си објави дека "доверлив посредник" го добил соопштението од Забиулах Муџахед, портпарол на талибанците. Тоа се случи откако командантот на армијата соопшти дека Британија и нејзините сојузници нема да ги поразат талибанците со воена сила и наскоро ќе се отворат мировни разговори со бунтовниците. Генералот сер Дејвид Ричардс изјави дека верува оти е дојдено време за преговори со непријателите на НАТО за да се отвори пат за конечно повлекување на силите.

Началникот на Генералштабот изјави дека иако британските сили ќе продолжат да ги "казнуваат" талибанците од битка во битка, тој сега е "се' помалку сигурен" дека целосна победа може да биде извојувана. ("Телеграф")


#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка
Планираа крвав концерт за Кадиров
Медведев попопуларен од Путин
Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија
Седум години затвор за „д-р Смрт“
Се заострува политичката криза
Ќерката по стапките на Жан-Мари Ле Пен
Државата заработува на пасошите
Потрага по избеганиот руски шпион