Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Потрага по избеганиот руски шпион

Никозија - Кипарската полиција трага по осомничен руски шпион баран од САД, кој побегна помалку од 24 часа откако беше ослободен со кауција.

Педесет и петгодишниот Кристофер Мецос, кого американските власти го осомничуваат дека се занимавал со исплатата на мрежата руски агенти во САД, не се јавил во полиција во средата, нарушувајќи ги на тој начин условите за ослободување со кауција еден ден порано.

Во соопштението на полицијата се посочува дека Месоц е баран за „нарушување на судска наредба“.

Немаме информации каде може да биде, изјави полицискиот портпарол Михаил Кацунатос.

Според полициски извори, можно е Мецос да избегал во северниот турски дел на Кипар. Портпаролот на полицијата во Северен Кипар изјави дека полицијата нема информации оти Мецос влегол таму. 

Мецос е 11 учесник во шпионскиот скандал во САД. Тој беше притворен по барање на Интерпол во вторникот на аеродромот во Ларнака во обид да полета за Будимпешта. Истиот ден беше ослободен со кауција од 20.000 евра. Одземен му бил и канадскиот пасош. По наредба на судот Мецос беше должен секој ден меѓу 18 и 20 часот да се јавува во полицијата. Синоќа тој не се појавил.

Руските шпиони ги криеле шифрирани пораки во фотографии, јави ФБИ. Ова е првиот потврден случај на употреба на технолошки напредна форма на прикривање податоци.

Иако компјутерските експерти повеќе од една деценија говореа за постоење на оваа техника за комуникација, ова е првата јавно докажана употреба. (МИА)




#
Статијата е прочитана 372 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo SAD
Датум: 02.07.2010 06:25:41
Zapadnite glasila za Mecos pishuvaat deka bil glavniot organizator i rakovoditel na mrezhata vo SAD. Negovoto apsenje ochigledno e po nalog na SAD, no interesno e kako Kiparskite Grci go pushtija na sloboda so kaucija, samo eden den po apsenjeto. Dobar "sojuznichki" poteg, neli?

Најди! во Утрински
Свет
„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка
Планираа крвав концерт за Кадиров
Медведев попопуларен од Путин
Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија
Седум години затвор за „д-р Смрт“
Талибанците не преговараат со НАТО
Се заострува политичката криза
Ќерката по стапките на Жан-Мари Ле Пен
Државата заработува на пасошите