Промоција на „Поетите за Омер Калеши“
„Во слава на сликарството, ’Поетите за Омер Калеши’“, е насловот на книгата, која посветена на македонско-францускиот сликар со интернационално реноме, Омер Калеши, вечерва ќе биде промовирана во салонот „Империјал 1“ во 19,19 часот во КИЦ. Омер Калеши живее и работи во Париз, а книгата ќе ја промовираат Ефтим Клетников, Јордан Плевнеш и Климе Коробар. Организатори се КИЦ и Асоцијацијата за култура ИКОН. (К.Б.)
|