Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Почна акцијата „Со книга на плажа“ на клубот „Матица“

Мотото „60 летни денови - 60 нови наслови“ и годинава им овозможува на читателите да ги прочитаат насловите од омилените автори

Традиционалната книжевна акција, која под мотото „60 летни денови - 60 летни наслови“ ја организира клубот „Матица“ почна оваа недела. Веќе тринаесет години членовите и читателите во Македонија ја имаат можноста своето слободно време од летниот одмор да ��о искористат за читање добра книга. Практиката од минатите години говори дека македонскиот читател е вистински вљубеник во книгата и во доброто четиво, а покрај задолжителните работи потребни за летниот одмор, околу 25.000 македонски читатели со себе ги понесуваат своите книги од омилените автори. Годинава изборот е зголемен како со домашна, така и странска литература. Мотото „60 летни денови - 60 нови наслови“ и годинава им овозможува на читателите да ги прочитаат насловите од омилените автори и бидат нивни сопатници на летниот одмор.

Како што не информираат од клубот „Матица“ во анкетата спроведена во периодот од мај до јуни, читателите ја избрале книгата „Рингишпил“ од Јелена Бачиќ-Алимпиќ за „Хит книга за ова лето“, книжевната акција „Со книга на плажа“ покрај во Скопје, паралелно ќе се одвива и во Охрид, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Струга, Битола, Куманово, Гевгелија и во Штип. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 521 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Со Моцарт времето брзо изминува
Приказна за последицата на случајна љубов
Во МСУ стартува „Скопско лето“
Промоција на „Поетите за Омер Калеши“
„Радост на живеењето“ на изложба во Подгорица
Македонија во Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО

"""