Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Македонија во Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО

Република Македонија стана членка на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста на културните изразувања. Оваа одлука била донесена на третата редовна седница на Конференцијата на државите - членки на Конвенцијата за заштита и унапредување на разноликоста на културните изразувања која од 14 до 17 јуни 2011 година се одржа во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција. Како што соопштуваат од Министерството за култура „по постигнатиот консензус, во втората електорална група бил потврден изборот на Република Македонија и Ерменија, со мандат од 4 години.“

Инаку, Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста на културните изразувања на 2 април 2007 год. и го депонираше инструментот за ратификација до УНЕСКО на 22 мај 2007 год., со што Република Македонија ја потенцираше својата цврста определба за модерен пристап во заштитата и унапредувањето на културните изразувања, како и во создавањето услови за зајакнување на меѓународната соработка во областа на културата. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 325 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Со Моцарт времето брзо изминува
Приказна за последицата на случајна љубов
Почна акцијата „Со книга на плажа“ на клубот „Матица“
Во МСУ стартува „Скопско лето“
Промоција на „Поетите за Омер Калеши“
„Радост на живеењето“ на изложба во Подгорица

"""