Ново зеленило на булеварот „Гоце Делчев“
Во жардиниерите на булеварот „Гоце Делчев“ екипи на „Паркови и зеленило“работат на засадување зимзелени и листопадни садници. Насадени се туја, каталпи, како и други мини-грмушки. Истовремено, екипи на „Паркови“ ќе работат и по должината на булеварот „Никола Карев“ и во општина Кисела Вода, во близина на „Тинекс“, каде што на површина од 7.000 квадратни метри ќе се направи реконструкција на тревникот и ќе се посадат разни видови садници, со што граѓаните ќе добијат ново зелено катче. |