Акција во Хрватската заедница
Црвениот крст на Македонија во соработка со Заедницата на Хрватите во Македонија и Републичкиот завод за трансфузиологија денеска организираат крводарителна акција. Повод е верскиот празник Божик, а крводарувањето ќе се одвива во просториите на Заедницата, кое се наоѓа во бараките на стара телевизија во Карпош 4. На акцијата што ќе трае од 10 до 15 часот, крв ќе можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. (Сн.К.) |