Забава за деца - инвалиди
Традиционално, годинава по петти пат во ресторанот на „Мекдоналдс“ во Тафталиџе ќе биде организирана новогодишна забава за телесно инвалидизираните дечиња. Забавата е во организација на скопската пиварница која на децата ќе им подели новогодишни пакетчиња, а ќе им организира и дружење со Дедо Мраз. За организаторите на дружењето, „Мекдоналдс“ и Пиварница ова е само една од активностите за придонес за целосно вклучување на телесно инвалидизираните лица во сите сегменти на општественото живеење. |