Општина Бутел ја нема на веб-порталот на градот Скопје
Бутел има сопствена Интернет-страница изработена во март минатата година
Преку веб-страницата на Градот www.skopje.gov.mk граѓаните можат да ги отворат сајтовите на сите скопски општини, освен на Општина Бутел. Преку порталот на Градот со кликање на „општини“ се отвора страница на која покрај секој општински грб стои испишано и името на општината, а со кликање на грбот се отвора и нејзината веб-страница. Но, на местото за Општина Бутел, освен името на општината, го нема општинскиот грб, па обидот да се отвори страницата останува неуспешен.
Во Општина Бутел не знаат зошто е тоа така и тврдат дека проблемот не е кај нив. Општината уште од март минатата година има креирано модерна веб- страница со адреса www.opstinabutel.com. Во нејзиното мени е вклучен и порталот на Градот и веб- страниците на другите скопски општини.
Градските служби појаснуваат дека кога се изработувала страницата на Градот Скопје, Општина Бутел немала свој веб-портал. „Веб-страницата на Град Скопје е изработена пред две и пол години, кога општината немаше своја страна. Поради тоа е ставено само името на општината, без грб и страница. Но, сега ќе се интервенира и ќе се постави и страницата на Општина Бутел“, велат од Службата за информирање во Градот. (Сн.К.)
|