|
|
|
|
|
|
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Од гласањето за пратеник од американскиот континент
Тамара Грнчароска
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги освои сите три пратенички места од дијаспората, победувајќи во Австралија, Европа и во Америка и Канада. Новите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се Милорад Додевски-Мики, Павле Саздов и Ристо Манчев. Она што неофицијално можеше да се дознае за првите народни избраници во македонското Собрание од дијаспората е дека и тројцата се од помладата генерација македонски иселеници.
Додевски има 33 години и е од скопската населба Аеродром, а во Австралија заминал пред четиринаесет години. Тој по професија е банкар и, што е најкуриозитетно, денот кога беше избран за пратеник стана и младоженец.
Додевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 542 гласа од вкупно пријавените 773 гласачи во Деветата изборна единица, додека кандидатот на СДСМ, Неда Ѓореска, освоила 18, а трет е Ицо Најдовски со 13 гласа, додека Трајче Гулевски од Обединети за Македонија - 12. Најдовски вчера за „Утрински весник“ изјави дека во Австралија не гласале 150 пријавени избирачи, бидејќи, иако уредно се пријавиле, ги немало во избирачките списоци. Меѓу „непостојните“ била и поранешната секретарка на конзулатот во Мелбурн. За текот и начинот на гласањето Најдовски вели дека македонската заедница во Австралија била скандализирана од тоа како се' се одвивало. „Во Австралија ја донесоа Африка, вакви избори не сме доживеале. Петстотини луѓе не можеа да изгласаат за 12 часа, а што ако бевме 5.000“, вели Најдовски. Тој тврди дека гласањето во Австралија било наместено, со целосна мобилизација и агитирање на гласачите за ВМРО-ДПМНЕ со помош на амбасадата во Канбера и црковните општини на владиката Петар, кои организирано со автобуси ги превезувале гласачите. „И во црквите се пополнуваа формуларите за гласање по инструкции на амбасадата и конзулатот“, вели Најдовски.
Најдовски тврди дека не му било дозволено да поднесе жалба до ДИК за нерегуларностите што ги забележале тој и неговите координатори на денот на гласањето во Мелбурн. Исто така, дека Додевски мобилизирал и агитирал пред самата зграда на конзулатот кога пристигале автобусите со гласачите и постојано влегувал и излегувал од зградата додека се гласало, што не е дозволено. „Сметаме дека е нерегуларно гласањето и, со недозволувањето на 150 гласачи да го дадат својот глас, тие се селектирани“, вели Најдовски.
Неофицијално од наши иселеници од Австралија се дознава дека меѓу кандидатите во Австралија немало вистинска кампања и дека таа, особено меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се свела на закани и навреди. Сметаат дека иако идејата за гласање на дијаспората е одлична, за една мала земја каква што е Македонија, реално, трошоците за тоа се огромни. Само за организирање на гласањето во Канбера и во Мелбурн од Македонија допатувале 10 луѓе, а пред две недели таму престојувал и мобилниот тим од МНР за издавање пасоши на нашите иселеници за потребите на гласањето.
Павле Саздов, пак, кој ќе ги претставува интересите на нашите иселеници во Америка и во Канада, е роден во1983 година во Скопје, а во Канада заминал на средношколска возраст. Но, откако во 2005 година дипломирал на информатички науки во Канада, завршил специјалистички студии на ФОН во Скопје, каде што моментално има запишано и магистратура. Од 2005 година работи како бизнис-консултант по информатички технологии за „Бест бај Канада“. Тој, како што наведува самиот во својата кратка биографија, по покана на премиерот Никола Груевски во 2010 година се вратил во земјава како државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација. Во интервјуто за Обединетата македонска дијаспора, Саздов, одговарајќи на неколку прашања, за спорот за името вели: „Мојот став е идентичен со ставот на ВМРО-ДПМНЕ“. Според него, не смее по никоја цена да има виткање на „кичмата“ и „нашиот принципиелен став за проблемот за името се виде изминативе години и тоа е константа што ќе продолжи“. На барањето да наведе една своја програма за македонските иселеници и како ќе ја спроведе, повторно се повикува на ВМРО-ДПМНЕ: „Во мојата програма, односно во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, има многу проекти и мерки кои директно се однесуваат на Македонците од САД и од Канада“. Според неофицијални информации, Саздов освоил 73 проценти од гласовите, Драги Стојковски од Достоинство - 12 проценти, а Душан Синадиновски од СДСМ - девет.
Ристо Манчев, кој на ВМРО-ДПМНЕ и' ја „освои“ Европа, е струмичанец роден во 1969 година. Тој шест години живее во Пјаченца, Италија, а по професија е градежен инженер. Манчев е најголемото изненадување на изборите во дијаспората, бидејќи се очекуваше во Европа гласот да го добие кандидат-Албанец. Медиуми на дијаспората објавија дека и во Европа гласачите биле носени до избирачките места со автобуси, но дали биле носени само тие на ВМРО-ДПМНЕ и кој ги платил трошоците вчера не се знаеше. |
#
|
Статијата е прочитана 3106 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: usa |
Датум: 06.06.2011 01:18:53 |
|
i vo usa gi nosea so avtobusi pa normalno deka graganite na r.makedonija ke platat sigurno glujo nema da plati toj si dobi tri pratenici |
|
|
|
|
|
|
Од: Sidnej |
Датум: 06.06.2011 01:34:43 |
|
Ovie izbori ednostavno dokazaa deka Ico Najdovski nema nikakva poddrska od Makedonskata Zaednica vo Avstralija sto e mnogu razbirlivo bidejki toj sekogas rabotel i se uste raboti protiv interesite na Makedonskiot Narod i Makedonija. Ova neka mu e jasna poraka da zastani so negovite anti makedonski aktivnosti i da si gi gleda negovite licni problemi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jordan - Melburn |
Датум: 06.06.2011 01:40:21 |
|
Glasanjeto vo Avstralija pomina so manipulacii i bezbroj neregularnosti. Toa beshe sram za demokratijata. Sigurno deka izbraniot kandidat nema legitimitet da ne pretstavuva vo makedonskiot parlament. DIK, MNR i Vladata treba da odgovoraat za ovoj sram. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tode -Sydney |
Датум: 06.06.2011 02:14:52 |
|
Sto komentar da dadam.Se rezirano, rezervrano ,namesteno, i sto drugo ne.Jas se najdov na glasackiot list vo Bitola, a ne vo Kanbera, iako imam licna karta EMBG i MK pasos.
Im posakuvam golem uspeh na izbranite sto ke ne pretstavuvaat vo Sobranieto vo narednite 4 godini. |
|
|
|
|
|
|
Од: Janko Tomov, Avstralija |
Датум: 06.06.2011 02:22:05 |
|
Cestito pobedata na prestavnicite na VMRO-DPMNE vo diasporata. Vie ste pred novi predizvici koi vo idnina treba da gi regulirate vo vashite sredini na ziveenje, za da gi doblizite poveke i poprisno Makedoncite vo iselenishtvoto so Makedoncite i gragjanite na Republika Makedonioja. Isto taka treba da se izborite, vo svoite mesta, za priznavanje na ustavnoto ime na Makedonija i za Makedonskata nacionalnost. |
|
|
|
|
|
|
Од: Реалист |
Датум: 06.06.2011 03:08:20 |
|
Предлагам за следните избори, ДПМНЕ да го смени изборниот закон и да воведе 10та изборна единица - Антарктик, да однесе десетина партиски активисти со брод до Руската база на Антарктикот, и да добие уште еден пратеник во собранието. Инаку овие пратеници од дијаспората изјавуваат дека ќе работеле за да им го ,,подобрат животот на Македонските иселеници во САД/Канада/Европа/Австралија,,..?!?! Знаат ли овие кловнови во чиј Парламент ги избираат? За крај: Пратеници со по 25-26 години?! Каква памет ќе продаваат тие сиротите? Тоа само го покажува нивото на нашата држава. |
|
|
|
|
|
|
Од: nemanjici |
Датум: 06.06.2011 03:12:02 |
|
za glasanjeto vo MELBURN i nosenjeto so avtobusi e naj normalno i na mesto ,1.parkin prostor pret konzulatot nema dovolno vo normalen den ane za izbori.2.ima luge sto ine mozat da vozat dotamu 3.na ico najdovski ni gorniot ne moze damu ugodi,i neka ne misli deka e ova turskoto kafe vo tomaston i ima parking za cel den ;ne ico ti nemas pravo da plukas po sve stoe makedonsko i crkovmo,i na kraj i mene me nema na spisokot pa pak dobija zasluznite za MAKEDONIJA,neka nie vekovna. |
|
|
|
|
|
|
Од: Marinko |
Датум: 06.06.2011 03:16:06 |
|
Cestitki do pobednicite no i do Ambasadorot Stojanovski (kasanova) koj veke si ima nova devojka Biljana Apostolova-Antunovic. Verojatno taa bila pricinata sto toj sto mislideka e Ambasador po Ime Stojanovski i toj sto po delo e AMbasador Kostadin Tasevski skoro sekoja nedela se vo Melbourne i vo Ambasadata ne moze ziv covek da se najde za bilo kakva potreba. Partiska Ambasada so Pecalbari vnatre koj ne gi interesira narodot tuku partijata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Cane Sokolovski-Toronto |
Датум: 06.06.2011 04:29:28 |
|
Makedonskata dijaspora e naj right wing neo-con dijaspora od site svetski dijspori sto postojat. I tie tri pratenici ke ja pretstavuvaat Makedonija od stranstvo!? Zalno! |
|
|
|
|
|
|
Од: New York |
Датум: 06.06.2011 05:55:13 |
|
Izborite vo New York, a poznavajci gi VMRO-ovcite najverovatno i vo Avstralija, Kanada i Evropa, BEA mesteni!!!! Polovina od nas sto ziveeme tuka ne ne imase na izbirackite spisoci, iako uredno sme prijaveni. I po nekoja "slucajnost", iminjata na mnogu moi prijateli koi se moi istomislenici (sakavme da glasame za SDSM), isto taka gi nema na spisocite!!! Hmmm... Kakva koincidencija! Zasramota! Ne im bese dovolno sto im go zedoa lebot od masa na nasiot narod, tuku sega pocnaa da kradat i od nas, vo ovoj slucaj demokratijata i naseto pravo da go dademe svojot glas, edinstvenoto nesto so koe mozeme da pomogneme na nasata zemja. Ne e ni cudno sto povtorno pobedija. Lopovi!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Da se resat crkovnite problemi |
Датум: 06.06.2011 06:54:34 |
|
Site kandidati kako i Miki Dodevski vetija deka eden od vrvnite prioriteti ke im bide da se resi crkovniot problem vo Avstralija, i deka ke lobiraat konecno Sinodot da se zainteresira i da go stavi na dneven red ovoj problem koj so decenii ja unazaduva i ja onevozmozuva Zaednicata da se spravi so poznacajni prasanja, kako sto e priznavanjeto na MK pod ustavnoto ime.
Problemite eskaliraa (i sega e se' von kontrola) koga Vladikata Petar pobara crkovnite imoti da gi stavi na negova kompanija socineta od 8 clena koj toj gi izbira. 15 Crkovni Opstini mu otkazaa poslusnost na Vladikata i pobaraa da bidat staveni pod jurisdikcija na Sinodot vo Skopje. Nikoj vo Avstralija ne e protiv MPC tuku prodiv pustoshot na Vladikata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gjuro od Recica |
Датум: 06.06.2011 07:12:09 |
|
Site sto se grizat za Makedonija a se vo 'dijasporata' neka se vratav vamu pa da vidat sto e realen zivot. Od daleku kade sto dolarot ve udri po glava lesno vi e da komentirate a vrska nemate sto zboruvate. Parata vi go mena dzepot ama ne i pametot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Marta |
Датум: 06.06.2011 07:53:15 |
|
Ajde sega dijasporata da se vrati vo Makedonija i da zivee so ovoj svoj izbor. |
|
|
|
|
|
|
Од: petre |
Датум: 06.06.2011 09:19:44 |
|
Pobedata ke bese uste pogolema , da nebea predavnicite od pomalite partii . Toa e makedonskiot narod Rani kuce da te lae Neka se zasramat predavnicite >Ne im e do interesite na drzavata No se ke dojde na svoe mesto |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 06.06.2011 09:45:38 |
|
Moze li nekoj da mi objasni kako e mozno vo dijasporata pajton lugje da glasaat za pratenik a vo tatkovinata odnosno tuka potrebni se desetpati poveke glasaci.Toj zakon pod itno treba se ukine i od druga pricina,so seta pocit kon nasite sogragjani koi ziveat vo stranstvo,tie nemaat pravo da odlucuvat vo ime na gragjanite koi postojano ziveat vo RM.Vo Sobranieto se donesuvaat odluki koi gi tangiraat tokmu tie koi postojano ziveat vo drzavava.Nemoze nekoj koj zivee so godini daleku od Makedonija da gi znae problemite so koi taa se soocuva,taka da tie pratenici prakticno ke bidat glasacka masina i so niv ke se manipulira!! |
|
|
|
|
|
|
Од: jaco |
Датум: 06.06.2011 10:51:53 |
|
neka im e cestito na pratenicite od dijasporata no jas kako makedonec koj zivee vo Makedonija sum protiv ovie pratenici kako prvo oni ne gi znaat nasite problemi i kako vtoro vo Makedonija da stanes pratenik ti trebaat 8000 iljadi glasa a za niv 13 pati pomalku sto ne e ispravno i ne moze da go imaat istiot legitimitet kako nasite pratenici . |
|
|
|
|
|
|
Од: Kiril |
Датум: 06.06.2011 12:24:51 |
|
Sto ako VMRO_DPMNE gi dobi pratenickite mesta od dijasporata. Acik namesteno, ako bea i drugite istoto mozebi ke go napravea. Sto mene ke me prestavuva Miki, koga drugi gi drzi uzengiite. Tie se samo pioncinja i da mu go zemat lepceto na siromasite koi pitaat za parce leb. Izborite vo dijasporata se samo za trosenje pari. Imame nie kopuci koi treba da ne prestavuvaat tamu i tie se na drzavni jasli, no rabotaat samo za vlasta a ne za dijasporata. Najprvo Gjuro ako go bolese zabot za dijasporata nemase da se krie i da bega od makedonskite organizacii vo dijasporata. Neka se zafatat da go razresat raskolot predizvikan od Petar koj ima se napraveno pustos vo Avstralija, a ne da se opravduvaat deka crkvata i drzavata bile odeleni. Ako se odeleni oti se pletkaat vo crkovnite raboti koga im odgovara. Gjuro uste deset pratenici da postavi od dijasporata toj za iselenicite ne napravil nisto dodeka ne go trgne Petara bidejki balonot se due i vo Evropa i Amerika. Neka vi e so sreka pobedata nesme |
|
|
|
|
|
|
Од: ODNADVOR |
Датум: 06.06.2011 13:26:10 |
|
Dadenoto pravo na dijasporfata da glasa, e samo frlanje prav vo oci, za da si zamislime deka ete tatkovinata se interesira za nas.Vsustnost, i pravime usluga samo na vladaeckata partija i nejzinite licni interesiOvie izbori bea edna teska manipulacija i trebe da se PONISTAT bidejki NIKOJ niti znaese sto glasa i za KOGO glasa, a za licnostote(bez nivniot profil),se dozna na denot na izborite.Dali ambasadite koi " sekogas imaat mnogu rabota, strasno se zafateni ", isamite ne znaeva nisto za kandidatite ili im bese najkesno da kazt deka "ke glasate za kandidat" bidejki nie kako ovci glasavme na slepo, sto e beter od vremeto na "komunjarite" koga ne si gi znaevme pratenicite( koi barem obezbeduvaa posuiguren zivor od denesniov). nelogicno e, troica kandidati da se izberat so samo 2500 glasovi. Vakvi izbori se za PONISTUVANJE, a sledniot pat solidna organizacija i so vreme. Oti Pratenik ne edetska igra " Aj ti zamizi"! |
|
|
|
|
|
|
Од: ISELENIK KANADA |
Датум: 06.06.2011 16:21:47 |
|
SRAM ZA MAKEDONIJA PAVLE SAZDOV USTE NEMA ZAVRSENO SREDNO SKOLO A KAMOLI FAKULTET VO KANADA IMA RABOTENO OBICEN SERVISER VO BEST BUY KAKVI INFORMATICKI TEHNOLOGII HA HA HA SRAMOTA |
|
|
|
|
|
|
Од: veles |
Датум: 06.06.2011 17:10:58 |
|
Poparvete me ako gresam no neli dijasporata treba da glasa za paritja od makedonija a ne za prestavnik na partijata vo dijasporata??Pa kako moze da se VMRO prestavnik vo America i canada i posle treba da toj prestavnik da mu se platata patni troskovi vklucuvajki ja povratnata karta megu USA i Skopje od 1100 evra,pa hotel vo Skopje i sto ne uste se.PA ima li nekoj zdrav razum zosto ova se pravi??Kade e logikata crkvata da vodi izbiracki spisoci vo dijasporata,koga taa voopsto ne treba da se mesa vo politika i koe e toa mnozinstvo so osvoeni 542 glasa ??zar samo tolku MAkedonci ziveat vo USA i CAnada.Kako moze ovie prestavnici da ja poznavaat Makedonija koga se izlezeni od zemjava preku 20g i nemaat totalno nisto so MKD osven deka poteknuvaat od tuka.Na zalost logika vo MKd nema i tesko ke postoi i tesko mu na toj narod so takvi lideri kade sto cel svet gi kaznuva vladeackite pratii poradi katastrofalnata ekonomska sostojba samo vo MKD tie se izbrani za uste 4 god.Bravo MKd. |
|
|
|
|
|
|
Од: Manas |
Датум: 06.06.2011 19:29:50 |
|
Е човекот „ни змија - ни магаре„ ако се приклонеше кон СДСМ ќе имаше опозицијата 45-46 пратеници. Како ли можеше овој човек кој ја уништи ЛДП да некого нарекува „мртов индијанец„...Казната следи! |
|
|
|
|
|
|
|
|