Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Ѓорчев: Груевски останува премиер

По тишината што завладеа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ откако беа затворени гласачките места во 19 часот и шпекулациите дека раководството се крие бидејќи не е задоволно од резултатот, синоќа во 22,45 часот досегашната владејачка партија објави уште една победа. Победата можеше да се насети уште со најавата дека првата и воедно единствена прес-конференција што ја одржа Влатко Ѓорчев, чие пристигнување беше проследено со стотина вмровски члена и симпатизери што го исполнија прес-центарот во очигледна победничка еуфорија. „Македонските граѓани не треба да се грижат. Татковината останува во сигурни раце, Никола Груевски повторно ќе биде премиер“, рече Влатко Ѓорчев, проследен со скандирања: „Победа“, „Цело Скопје е вмровски град“... ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи, како што рекоа, прославата на победата на платото пред Домот на Армијата на РМ, а притоа беше најавено доаѓањето на премиерот и партиски лидер, Никола Груевски, заедно со своите најблиски соработници. Првите реакции на новинарите беа дека иако ВМРО-ДПМНЕ сака да објави голема победа, таа не е толку голема во споредба со претходните избори, но дека, сепак, тоа е четврта едноподруго победа на ВМРО-ДПМНЕ над социјалдемократите. По што Македонија влегува во политичка неизвесност со оглед на ставовите на Груевски кон најгорливите политички прашања и со оглед на тоа што СДСМ овој пат влегува во парламентот засилена со нови 12 пратеници за разлика од досега, односно вкупно 40-ина пратеници. (С.К.)


#
Статијата е прочитана 1589 пати.

Испрати коментар

Од: pavel satev
Датум: 06.06.2011 10:07:35
odlicno. sega se slusnav so ali ahmeti. pisuva na rolna hartija dolga 1 km sto treba da ponudi grujo za da formira vlada. ce mu se revansira za ovie 4 godini bockanje. bogami zaebano. ovie od USA ce go stegnat "patriotot" da go smeni imeto. pari nema od nadvor, pa ce ziveeme vo beda i so natura razmena. "blaze si mu na grujo" sto ce bide premier. a uste poblaze na onie od istocna makedonija koi ziveat vo sreden vek pod vodstvo na Singo. glavno ce igraat tenis po cel den posto nemaat rabota.
Од: gorce petrov
Датум: 06.06.2011 11:39:41
ete sto znaci koga imas 55% od naselenieto so osmo odd. vlatko za vice premier. ovaa raja go zasluzuva. a i cenite na pazar i vo prodavnica
Од: realen
Датум: 06.06.2011 12:15:44
Vlatce e euforicen, ama reformite ne se pocnati. Razlikatavo brojki e mala, a razlikata vo pamet ogromna-pa da se vidi koj e podobar vozd. P.S. Edukacija na prvo mesto, zosto narodot, za zal, kopnee da misli so svoja glava. Vremeto e sega kontra DMNE-ovcite
Од: Перо
Датум: 06.06.2011 13:13:10
Зошто во општините во кои има најмногу високо образовано население (Карпош и Центар) победи СДСМ?
Од: Beti
Датум: 06.06.2011 13:27:11
Gorcev najdobro da se sokrie nekade. Sram e za narodot. No toj e besramnik, taka i ke prodolzi. Rezil
Од: od mene
Датум: 06.06.2011 13:56:05
Сме имале рекордна невработеност?Сме имале 650 000 сиромашни?Сме немале инвестиции?Сме имале ДЕМОКРАТИЈА? Не не малку му е на овој народ.Тој сака уште!!!!! Сега кога Ахмети ќе се испазари Грујо нема да знае каде му е главата.Наздравје
Од: do neinformiranite
Датум: 06.06.2011 18:29:54
Nikakvi nerealni baranja nema da mu se prifatat na Ahmeti.SAD ne mozat nikogo da prinudat da smeni ime.Povekje od tri godini so pritisoci vidoa deka ne mozat da ja nateraat Makedonija da smeni ime.

Најди! во Утрински
На прво место
ВМРО-ДПМНЕ слави победа
На „Бихаќска“ атмосфера на исчекување
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Ме радува зашто гласањето се одвива мирно
Иванов
Шекеринска
Ахмети
Лекции од гласањето во Грција

"""