Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроник��
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

ВМРО-ДПМНЕ слави победа

Владејачката партија објави дека коалицијата „За подобра Македонија“ освоила 55 пратеници наспроти 39 на опозициската коалиција

Оливера Војновска

Партијата на премиерот Никола Груевски синоќа по трет пат прогласи победа на парламентарните избори и веднаш по прес-конференцијата во Домот на АРМ организираше прослава на плоштадот во Скопје. Еден час пред полниќ ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека освоило повеќе од 55 пратеници наспроти СДСМ, кој добил 39 пратенички места. Од опозицискиот табор излегоа со поразлични податоци. Според СДСМ, разликата во гласовите со ВМРО-ДПМНЕ е помалку од 50.000 гласа. Изразено во пратенички мандати, тоа е девет. Инаку, набрзо по затворањето на гласачките места, владејачката партија почна да ја слави победата во Скопје. По улиците низ главниот град кружеа автомобили со вклучени сирени и развиорени знамиња.

Првичните информации говорат дека на вчерашните вонредни парламентарни избори дебакл доживеа ЛДП, а крахираа и помалите партии во десницата. Партиите на Љубе Бошкоски, Љупчо Георгиевски, Филип Петровски и на Стојанче Ангелов не успеаја да ги поматат сметките на доминантната партија во десницата.

Инаку, синоќа ДУИ прва прогласи победа. Портпаролката на интегративците, Ермира Мехмети, малку по 22 часот соопшти дека ДУИ има 53.830 гласа, ДПА - 30.727, НДП - 13.360 и НД - 9.973 гласа.

Од обработените податоци од гласањето, 68,26 проценти од вкупниот број избирачки места, според првичните неофицијални информации на Државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори води коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 254.298 гласа, зад неа е СДСМ со 207.635 гласа, ДУИ има 67.668, ДПА - 33.456, Национална демократска преродба - 16.667, ВМРО-НП - 16.436, Обединети за Македонија - 9.594 гласа, Нова демократија - 11.669, ЛДП - 8.621....

Главните политички партии од власта и од опозицијата, и од македонскиот и од албанскиот блок (освен ДПА, која има забелешки за изборни нерегуларности), оценија дека изборниот ден, главно, минал во мирна атмосфера и без поголеми инциденти.

На овие избори излезноста е околу 64 отсто. Тоа е највисок одѕив по првите парламентарни избори во 1990 година (84,82 процента) и оние во 2002 година со одѕив од 73,4 отсто. За одбележување е тоа што најмалиот одѕив е забележан во албанските средини - во Шестата изборна единица.

По изборни единици, одѕивот во Првата изборна единица бил 66,4 проценти. Во Втората изборна единица излезноста била 62 отсто, во Третата - 72,8 отсто, во Четвртата - 73,8, во Петтата -53,1 и во Шестата изборна единица била регистриран најмал одѕив од околу 42 отсто од регистрираните избирачи.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека не добиле некои посериозни известувања за евентуални проблеми или тешкотии во одвивањето на гласањето. „Тоа значи дека целокупниот изборен процес, генерално, се одвива мирно, коректно, гласањето е слободно, граѓаните слободно излегуваат и тајно гласаат“, оцени Кондарко. Тој информираше дека до 17 часот, од 93 отсто од избирачките места од кои имаат податоци, на гласање излегле речиси 53,86 отсто од граѓаните, односно гласале речиси 929 илјади граѓани. Најголем одѕив до 17 часот има во Третата изборна единица - 61,23 отсто, а најмал во Шестата изборна единица, односно 42,3 отсто.

За гласањето во дијаспората, кое се одржа завчера, ДИК извести дека во Седмата изборна единица, што ги опфаќа Европа и Африка, гласале 53,35 отсто од регистрираните избирачи. Во Осмата изборна единица - Северна и Јужна Америка, гласале 68,21 отсто од регистрираните гласачи, а во Деветтата изборна единица, односно во Азија и во Австралија, на избори излегле 77,82 отсто од регистрираните избирачи. За тројцата пратеници од дијаспората, кои првпат влегуваат во македонското Собрание и се избираат според мнозинскиот модел, во трите изборни единици во странство беа поднесени вкупно 19 кандидатски листи, за кои може да се изјаснат 7.258 македонски државјани што се пријавија за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва. Инаку, од 36 избирачки одбори што заминаа во странство, 20 веќе се вратени во Македонија, а 16 треба да пристигнат во наредните два дена.

Завчера гласаа и 2.222 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, 407 внатрешнораселени лица, како и околу 11.000 болни и снемоштени.

На вчерашните вонредни парламентарни избори право на глас имаа вкупно 1.821.122 граѓани евидентирани во Единствениот избирачки список, кои на 2.976 избирачки места можеа да се изјаснат за 18 листи со 1.679 кандидати.

Парламентарните избори ги следеа 7.851 набљудувач акредитиран во Државната изборна комисија, од кои 7.358 домашни и 493 странски.

Набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“ регистрирала нерегуларности, како што се фотографирање на гласачките ливчиња на самите избирачки места (во Кисела Вода, Бутел, Кавадарци), за да имаат потврда пред партиите за кого го дале гласот - на гласачки места.

И на овие избори се забележани случаи на семејно гласање во Гостивар, во Струга. Во Шуто Оризари една политичка партија организирано со возила носела гласачи. Поради неажуриран избирачки список во скопски Аеродром и во Битола некои граѓани не можеле да си го најдат гласачкото место.

Во Канцеларијата на Народниот правобранител биле доставени околу 60 пријави на граѓани за повреди на избирачкото право. Уранија Пировска, портпарол на Народниот правобранител информира дека околу 70 отсто од јавувањата се однесувале на граѓани кои не можеле да го најдат избирачко место на кое треба гласаат. Во Битола на неколку места е забележано агитирање пред избирачки места. Ова е забележано и во избирачка единица во Кичево. Во Куманово, Радовиш и во скопската општина Ѓорче Петров, како што рече Пировска, каде пред одредено избирачко место на граѓаните им биле нудени прехранбени продукти за да гласаат за одредена политичка опција.

Странските медиуми со внимание ги следеа изборните случувања кај нас, посочувајќи ги како приоритети евроинтеграцијата и економското заживување на земјата. (О.В.)

 


#
Статијата е прочитана 5495 пати.

Испрати коментар

Од: patriot
Датум: 06.06.2011 00:26:34
pobedia reformite CESTITKI ZA VMRO I GRUEVSKI
Од: Сергеј
Датум: 06.06.2011 00:47:51
Веднаш падна во очи дека со својата силеџиска прослава на „победата“, ДПМНЕ се обиде што поскоро да го оттргне вниманието на јавноста од начинот на кој е дојдено до таа „победа“. А ја остварија со досега невидени притисоци, нерегуларности и со ужасно голени пари фрлени за поткуп! Но вистината ќе излезе многу бргу на видело, уште во следните неколку дена. Нели таа е како шило... ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Robert
Датум: 06.06.2011 01:12:33
Pozdrav do site pobednici i porazeni ali site uchestvuvaa i imaa shansa za da pobedat. Ako gi gledate izborive od strana nemashe nishto novo vo MK istite politichari samo vo drugi odela. Chestito na pobednikot i Pozzz
Од: USA
Датум: 06.06.2011 01:14:30
Zamislete vo sred ekonomska kriza vo USA da ima izbori. Obama padja GARANT. Gruevski ne padna. Ostavka na Branko bi bilo LOGICNO.
Од: Socijalka
Датум: 06.06.2011 01:53:57
Za ovoj narod samo vakva vlada mu treba.Ne se opametija po se sto im napravi e sega uste cetiri godini ke gi trpime i site zaedno ke potoneme.Ne znam samo sto slavat...za Skopje2014...kic i nevkus.A ako za nasite vo dijasporata dosega imav dilema sega veke nemam...vistinski tupaci koi uste ednas pokazaa deka ne im e gajle za Makedonija ,go dadoa glasot za VMRO i zasekogas ne unistija.
Од: Gokica
Датум: 06.06.2011 01:57:09
Pravdata si go pokaza liceto - Narodot Makedonski prozbori...Opozicijata treba da prestane da se ponasa kako 'klukajdrvec'....
Од: Македонец
Датум: 06.06.2011 02:40:45
Најискрено посакувам Вмро Дпмне да ја прифати пораката што им ја испрати овој гладен народ. Овие иэбори докажаа дека нам не ни се потребни споменици, фонтани и маскенбали. Јас сум горд Македонец, роден во Прилеп но Дпмне освен фонтани, паркови со бекатон плочки, споменици и фестивали друго ништо не направија. Се трошат пари эалудно кога има поприоритетни работи: Градската болница се распаѓа, неколку родилки и починаа во 21 век поради эараэна бакетрија, нешто невидено и неслушнато од времето на првата светска војна. Руиниран инвентар, распаднати тавани, испукани проэорци, р`ѓосани кревети, полици и столчиња а да не пишуваме эа санитарните јаэли, гнасота, Објектот каде што е сместена брэата т.е. бавната помош, е стар повеќе од 60 години, ладни, отворени ходници, промаја од сите страни со две дрвени клупи и автомобил лада проиэведен во 1970te години им служи на 100,000 жители. Се фалат со нова медицинска опрема а эабораваат на старата неисправна со месеци, болни луѓе патуваат во Битола ил
Од: tupak od tugina
Датум: 06.06.2011 02:48:06
Mal odgovor do Socijalka.....Slusaj Gospogo....tie "tupacite" od dijasporata ne trpat komunjari i barabi ...tie od dijasporata znaat sto i koj raboti ....tie od dijasporata se zrtvi na komunizmot i tranzicijata....I na krajot tie isti "tupaci" godisno prakaat edna milijarda evra za takvite kako tebe ziveat.....Kako ne ti e sram
Од: Natasa
Датум: 06.06.2011 03:31:05
Pa dobro... vazno e da se ucestvuva. Ova e sramota za SDSM. Ova e niven tret posledovatelen poraz na parlamentarni izbori, od koi dva bea predvremeni. A kolku predvremeni dozvoli Branko? Nula... Moze Branko da se udira vo gradi, ama treba da uci od Nikola. Pomina vremeto na prazni vetuvanja i zakani. Nie se pominavme i od nisto poveke ne se plasime. SDSM ne ponudi nikakva programa, a VMRO nastapija mnogu popodgotveno. Ima i pametni ludje vo SDSM. Gospodine Crvenkovski vreme e da im dadete sansa.... za dobroto na site nas!
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 06.06.2011 03:46:42
Vo ovie izbori, site partii vlegoa da ne dobiat,ama suetata na VMRO, e tolku golemada ,za da mora da dobie.Kako Starata Nasa:,,Ne Saka da Padne, ama Saka,da se Osusi Uspravno".VMRO Gi izbra Tantalovite Maki.Da padneseVMRO nemase da pominuva niz ovie Maki,a SDSM e prav pobednik,sega samo ce se SEIRI-Ke bocka od strana,na Tantalovite makite sto ce gi pominuva VMRO i DUI. Makedonskive izbori ,me podsetuvaat na Amerikanskite od pred tri godini.Nitu, eden kandidat, navistina ne sakase da pobedi ni od Republikancite nitu od Demokratite.pa ne i ni Cudno sto O' Bama pobedi,pod uslov Madam Klinton namerno ce napravi izboren guff-glupost,ama pak najvliatelnno ministersko mesto.Minister za Nadvoresni Raboti-Posle predsedatelot najuticaen Clen vo Kabinetot i so desetina Iljadi Vraboteni pod direktna nejzina kontrola-StateDepartment , i ultimativno ce gi ima Madam Klinton!!
Од: Mene
Датум: 06.06.2011 03:55:36
Bravo Makedonijo si ja potpisa smrtnata presuda! Nemojte samo posle da se zalite na nesto ova ili ona ne cini.. Sami si go baravte i sega go dobivte! Glasate za fasisti! A za tie od dijasporata site znaeme koi se i kolkav im e intelektot, bi ja prodale Makedonija za 5 evra. Ova e dokaz deka zemjata ni e polna so slepci.
Од: pk canada
Датум: 06.06.2011 04:00:14
do toj tupakot od tugina. ti ortace ce si kazis samo za tebe, od daleku se gledase za kogo ce glasa dijasporata, tie navistina tupaci koi otisle tamu pred 40 godini , i drugo nisto ne znaat. Jas ne glasav zatoa sto nemam pravo od ovde od Canada da mu resavam sudbina na nekogo od Makedonija. Pobedi vmro zatoa sto cela administracija morase da glasa za niv, sto e razbirlivo. do USA. Ako Obama ptrosi tolku pari na gluposti i na potkup toj nema da postoi povece, a ne da izgubi.\ Gospod napomos koga ce treba da se isplacaat kreditite i kamatite koi ce stignat naskoro. Taka i ti pravi vo USA?Se zadolzuvas povece od sto mozes, pa posle toa bankropt neli? e zalikata e taa sto drzava ne moze da bankrotira, tuku tie dolgovi ce moraat da se vracaat ili ce se prodava i toj imot sto uste ostana vo drzavni race, posto- zasto. na kraj sepak cestitki za pobedata i Gospod na pomos.
Од: baravte-gledajte
Датум: 06.06.2011 04:02:46
Ocigledno bese deka vo Makedonija nisto ne ke se promeni.Se nadevam Socijaldemokratite ke se opametat za nivno dobro i ke se otkazat od lugjeto koi ja dovedoa partijata do ova deredze.Sekerinska e na poteg.A vie g-gjo Socijalka-se nesto si se chudam kako em socijalka ste em si surfirate na internet.Kaj nas paradoksot e sto nekoi socijalci vozat i mercedesi i imaat kukji palati.Toa go ima samo vo Makedonija.Koj kako sto glasal-glasal,neli se stremime da bideme demokratska drzava-iako sme 1 milijarda kilometri daleku od toj poim.
Од: do tupak od tugjina
Датум: 06.06.2011 05:31:22
Deka ste tupaci nema dilema. Samp ti mislis deka si vo pravo a za parite sto se prakjaat tie se za rodninite a ne za Makedonija A takvi kako tebe se somnevam deka prakjaat i na najbliskite. Zatoa molci i ne skokaj/
Од: dedo dimo
Датум: 06.06.2011 05:50:03
Gospogata socijalka, mnogu ti e krivo shto narodot ponovo glasa za VMRO,ali edno sakam da svatish Pogolemata masa na narodot ne mislat kako tebe .Da se bidi socijalec sekoja mrza mozida bidi i sprema toa za takviot i koj da e na vlas nishto podobro nema da bidi.Vo dijasporata ne beshe dobro organizirano i zatoa nemashe mnogu luge da glasaat a i podobro za SDSM.A ako i ovaj narod glasashe za SDSM ke beshe KATASTROFA.
Од: od Sidnej
Датум: 06.06.2011 05:58:06
Смешно е да се тврди дека македонската дисјапсора стои зад ДПМНЕ кога едвај 8000 од нив се регистрираа да гласаат на овие избори. Конзервативните проценки за големината на македонската дијаспора е околу 300000. Маекдонската дијаспора е исто толку плурална колку и македонското гласачко тело во РМ. Фактот дека јас, како и илјадници други Македонци (а да не зборувам за македонски државјани кои се од други етнички групи) не се регистриравме да гласаме може да се толкува на многу начини, но сигурно не дека сме сите "тупаци" и "сплотени" околу ДПМНЕ. 8000 гласа за 3 пратеници е финансиска, политичка и морална перверзија на изборниот процес во македонската дијаспора.
Од: Tupak broj 2
Датум: 06.06.2011 06:17:55
E Socijalke nakontena i bezobrazna, procitaj go uste nekolku pati komentarot od Tupak od Tudjina i zasrami se ako imas sram
Од: tripun
Датум: 06.06.2011 06:33:58
premnogu opasno za vmro,so tolku pratenici sdsm konstantno ke go blokira sobranieto,na se sto nim nema da im se dopaga ke go napustaat sobranieto
Од: Goki
Датум: 06.06.2011 07:01:00
Do socijalka. Pa i ti poveli vo dijaspora i tebe ke te naucime da znaes sto sakas.
Од: МИЛАН,ПРИЛЕП
Датум: 06.06.2011 07:49:21
ПОЧИТУВАНИ,гробарот на СДСМ е Бранко Црвенковски.Секој паметен човек знаеше дека со враќањето на БРАНКО На Чело на СДСМ се врати назад и партијата,а времето минува и не запира.СДСМ ( ЧИТАЈ БРАНКО )не сфати дека со зборување само не се лаже народот,СО СИНОВИ ОД Директори и Бирократски семејства на клучни позиции во партијата,нема успех.САМО СО луѓе кои ја почувствувале горчината на сиромаштијата и со деноноќна работа може да се успее,ДПМНЕ не е за потценување,пет години и работат и водат црна кампања против БРАНКО.СЕ СЛУЖАТ И СО НАСИЛСТВО И СО ПОТКУП,НО АКО СДСМ РАБОТЕШЕ,А НЕ СЕ ЗАНЕСУВАШЕ ДПМНЕ НИКОГАШ НЕМАШЕ ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.06.2011 08:11:18
Секако!Победа достојна за огномет е кога од 63 пратеници ќе се сведете на едвај 55,или 56 и тоа само заради изборниот модел кој разликата од 40 илјади гласови ја претвора во разлика од 10 пратеника!Ете,верувам во ваквата победа!Особено кога противникот кого го испраќаа на одмор,од 18,добил уште само 26 места во Собранието!Е,тоа се вика победа!
Од: petre
Датум: 06.06.2011 08:18:13
Cestitki za pobednicite Samo napred Gospod e najgolem sudija Presudi pravedno . Mladite ministri da prodolzat samo taka
Од: Moarem
Датум: 06.06.2011 08:24:41
Neka ni e na zdravje Nik Olamubarak!
Од: jovan
Датум: 06.06.2011 08:33:47
Cestitki do site.Na nekoj nacin site se pobednici,no sekako vistinskiot pobednik e VMRO. Nesakam ovaa euforija da ja rasipuvam so negativni zabeleski,no mora da spomenam nekolku"cudni"raboti. Cudno e sto malite partii gi snema, a cudno e i sto vo delovite kade sto ima pretezno Albansko naselenie,izlezenosta bese daleku pomala vo odnos na cisto Makedonskite sredini,a brojot na pratenicki mesta za Albancite e povtorno ist.
Од: politicki neopredelen patriot
Датум: 06.06.2011 09:07:22
odgovor na drugarkata"Socijalka" Ako pobedea SDSM pocituvana gospogo ili gospogice tvojot komentar ce bese potpisan so lozinkata"prosjak" oti nemaze da imas ni socijalka tuku ce morase da prosis
Од: Sara
Датум: 06.06.2011 09:25:53
Tragedija za Makedonija, za 10tina godini nema da postoi zemjata, uzas...
Од: Vac
Датум: 06.06.2011 09:44:01
Emi sea be za kade se komunjarite ??? :)))))) Brane poditno u penzija neka se brise od politikata narodot si go kaza svoeto :))
Од: Caki
Датум: 06.06.2011 09:49:41
Ajde sega kje pochnuvame li nova serija plukanje!Sergej,Socijalka..i sl. kje treba li sega da trpime plukanici(vo mediite) slednive 4 god.? Izborite bea blagodarejkji na site gragjani FER i DEMOKRATSKI!!Bravo,bravo....
Од: socijalka
Датум: 06.06.2011 09:56:56
Do " tupakot od tugina".Blagodarenie na ovaa vlada po dvaeset godini cesna rab.ostanav na ulica bidejki ne prifativ da bidam niven poslusnik.Blagodarenie na niv moeto maloletno dete e zelno, a nema da se napie mleko,da kasne ovosje,zelencuk.Vasite milijarda evra pari do mene ne dopiraat a kade odat i cii dzebovi polnat?-samite odgovorete si na toa prasanje.Dali znaete deka vo ovoj vek ima mnogu gladni deca vo Makedonija blagodarenie na ovaa nesposobna vlada?Jas kako samohran roditel a sega i socijalec ne mozam nisto da mu pruzam na moeto dete.Neli e toa tragedija za ovaa drzava?Ne sum komunjarka a ne sum ni za SDSM tuku za treta opcija koja ke ni ovozmozi podobar zivot.Od ovie pricini ako treba uste sto pati ke go kazam istoto deka ste tupaci sto glasavte kako sto glasavte bidejki vie ne ja znaete vistinskata sostojba ovde,a najtragicno e deka i nemate namera nikogas da se vratite vo "sakanata vi rodna grutka," pa zatoa nemojte tolku se da zemate pri srce.
Од: deli
Датум: 06.06.2011 09:57:04
Čestitam i jas na pobednicite - narodot si odbra, narodot ke si ima toa, što si go odbra. Se nadevam, kako prv čekor na (staro)nova vlada: konečno Makedonija ke go reši problemot so IMETO i konečno ke se dobliži - i što pobrzo ke vleze vo EU (dok EU ušte postoi!)
Од: Do tupak od tugina
Датум: 06.06.2011 10:02:44
E moj prijatele, da bese patriot ke ostanese vo Makedonija. Koga ke buruckase po kontenjeri za da najdes parce leb tek togas ke svatese kaj se naogas. Kako sto velis, sekoja godina dijasporata prakala po 2 milijardi dolari.Taka da za ovie izminati 20 godini nie vo Makedonija trebase da imame vkupno 40 milijardi. So tie pari nie ke plivavme vo bogatstvo. A sega so ova VMRO-ska vlada plivame vo ''beda''.
Од: vasco beleski
Датум: 06.06.2011 10:11:53
pobedija tie sto iskreno ja sakaat makedonija a ne od nekoj interes...cestitki za premierot gruevski....no cestitki i do site organizatori na dosega najfer izbori vo makedonija, uste poveke sunm gord sto geldam deka i vesnicite konstruktivno izvestuvaat bez navredi i nepotrebni komentari prodolzete vaka ne podpagajte pod necije vlijanie i ako kritizirate napravete go toa profesiionalno....ovde sekoj zbor za navoden falsifikat e suvisen i toa doaga od nepismeni luge izvinete..
Од: од мене
Датум: 06.06.2011 10:41:20
Gospodata od dijasporata se najgolemite partioti koga e vo prasanje Makedonija. Istite tie iskacaat 50% na izbori da glasaat, srkaat od poparata sto im ja servira satelitskiot kanal na MRTV, i se odnesuvaat kako onoj skecot na K-15. Ako se najgolemi patrioti sto ne se vratat da go vlozat "kapitalot" vo Makedonija. Ako Branko gi izbrkal od tuka, zasto ne se vratat zaradi Nikola ???
Од: Трај��е мк
Датум: 06.06.2011 10:46:00
Честита победа на ВМРО-ДПМНЕ за доброто на сите граѓани на Македонија!
Од: каснатиот
Датум: 06.06.2011 10:56:15
Уцените, заканите, стравот...дадоа резултати.Сега веќе не е важно како, важно е дека административ ците не победија нас другите кои без разлика дали имаме или немаме, дали работиме или сме невра ботени, нивни хранители сме. Вчера кучето ја касна раката која го храни.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.06.2011 10:56:42
Водоотпорниот Сергеј треба да свати да нивното шило опозициско беше и остана премногу тупо за вкусот на електоратот.сега треба да се направи ново шило што ќе пробуши многу дупки на Бихаќка за да низ нив едноставно пропаднат оние транзициони никакви и поразени политичари.Потоа затварање на тие дупки и инсталирање нови кадри кој ќе ја кренат опозицијата на здрави нозе.Инаку ништо не ги спасува од опозициската жабокречина.
Од: mene
Датум: 06.06.2011 11:14:19
Вие од дијаспора ако бевте толку засекирани за татковината немасе да се пријавите за гласање само 7000 лица. Кај се преостанатите "горди" македонци кои толку се маваа во гради за Македонија, а кога дојде ред да се гласа е тогас нигде ги нема. Па нели ве има околу 300.000 илјади. Зар мислите дека е во ред 7000 луѓе да изберат 3 пратеници а во Македонија со 25.000 гласови да немозес да добиес ни еден пратеник. Најубаво да си седите во туѓина и да си ќутите, а прикаските дека сте праќале којзнае колку пари во татковината и дека таа живеела од васите пари може да си ги кажувате таму меѓу себе и да се лажете кој е поголем патриот.
Од: Do tupak od tugina
Датум: 06.06.2011 11:36:55
Aman ne ni prakajte te molam, mozime da izdrzime i bez tie "pari".Za da imas pravo da kazvas za so i da bilo treba tuka da zivees i rabotis, a ne si se skril kako glusec tamu. Bakterijo edna
Од: dragi
Датум: 06.06.2011 11:43:25
Bravo za pobedata i napred vo reformite-Makedonija da stane drzava kade evropa ke ima respekt.
Од: Denis od Kratovo
Датум: 06.06.2011 11:56:46
Kratovo slavi pobedata e ubedliva.
Од: SDSM diaspora
Датум: 06.06.2011 12:03:43
Do tupak od tugina-I jas ziveam vo diasporata i jas nosam pari koga odam dolu - no jas sum tamu samo nekolku nedeli . A toj narod tamu treba da zivee tamu . Ne se osekas li malku deka imas poveke od tie tamu vo tvojata tatkovina . Ne e li toa samo tvojata "SKRZAVOST" koja zboruva - Ti glasas i tamu kade sto si i vo MAkedonija . Sega vo ovie teski vreminja samo tie vo Makedonija znaat kako im e . A sto glasovite koi gi nema nigde toa treba da se ispita isto????
Од: До tupak od tugina
Датум: 06.06.2011 12:05:59
Па дојди бе живеј ти во Македонија да видиш како е. Се истрошија неколку милиони евра за да си обезбеди ДПМНЕ уште 3 пратеници и толку од дијсапората. А за парите што ги праќате: Праќате пари на роднини за да преживеат во мизеријава. Не ми ги праќате на мене. Кога ќе ги уплаќате директно на сметка во буџет тогаш ќе може да се чукате во гради.
Од: Tina
Датум: 06.06.2011 12:48:40
Chestito na VMRO- sepak da prasuvam, ke go istakneme originalnoto zname? Oti toa zname prestavuva VMRO-DPMNE, i dali ke im kazime na Bugarite da prestanat so, " Makedonija e Bugarska zemja" i kakvo priatelstvo Bugarite odrzuvat so Grcite vo posledno vreme? Vo demokratija kao i vo komunizmot se e moguchno.Enarhija, koja gi odvaja klasite na drzavni poedinci. Znaci, ke moze li da se izbega toa scenario kaj VMRO-vcite.? Tek prasuvam i se ucham.
Од: Трпе
Датум: 06.06.2011 12:53:40
Победата на дпмне-овците е многу слична како свадба на обични македонски грагани.Во неделата тапани и свирки,ора и игри а проблемите започнуват во понеделникот.Незнам на что се радуват кога свадбата е направена со кредит.
Од: milos
Датум: 06.06.2011 13:05:59
Pirova pobeda ....SDSM dobi 43 pratenika bez niedna koalicija a VMRO 56 so eden kup sitni partii okolu niv i plus dijaspora sto iskreno nikad ne bi im dal da glasaat ! ova e vo sustina poraz na VMRO od 62 pratenika da padnes na 56 a SDSM od 18 na 43 ...naredni izbori gubat VMRO 100 posto .....zalosno e sto partii kako LDP sto ne uspeaa .... ali na ovoj narod malce mu e ocigledno ovaa beda sto ja zivee blagodarejki na ovie dve golemi partii
Од: За тупак
Датум: 06.06.2011 13:50:21
Абе глупи жители на Македонија. Да не беа парите од дијаспората досега немаше да постоите. Што мислите со кои пари се враќаат кредитите? Од извоз? Кој извоз? Од странски инвестиции? Од вашиот данок? Од јаката економија? Глупоста ја покажавте на изборите. Погледајте ги фаците на насловната фотографија и ќе ви биде јасно кој ќе ја води државата.
Од: tihi
Датум: 06.06.2011 14:20:14
Poraz e poraz .Pa dali e 4:1 ,2:1 ili 3:2 bodovite odat na kontoto na pobednikot . I taka vekje 6 pati po red .No na gubitnichkiot selektor publikata mu bila kriva za porazite ,zatoa shto navodno so sila bila terana da naviva.A da probate vie neshto da smenite kaj sebe.Belki nekogash i ke pobedite ,pa duri i vo dijasporata.Inaku im posakuvam ushte mnogu vakvi pobedi.
Од: PredatorMk
Датум: 06.06.2011 14:27:04
Македонија и се е можно! Поразите се претвораат во победи од разни ајвани и надуени мизантропи, кој немаат трунка доблест да честитаат на подобриот. Влада која прави реформи и истовремено добива избори е уште пострашен пораз за вас самобендисани и неотрезнети заробеници на минатото. Нека ви е наздравје продолжената опозициона сенка.
Од: nacional-patriot
Датум: 06.06.2011 14:54:40
Cestitki za zasluzenite pobednici.Zasluzeno porazeniot SDSM nema prostor za nikavo baranje uteha vo porazot.Glasovite sto gi osvoi SDSM na ovie izbori se mnogu pomalku od onie sto gi osvoi vo 2002 godina.Ako sporeduvaat,neka sporeduvaat i so tie rezultati od tie izbori.I togas Branko bese pretsedatel na partijata.Vo posledniot parlamentaren sostav,SDSM nemase 18,tuku 27 pratenici zaedno so negovite koalicioni partneri.Znaci negoviot skok ne e pogolem za 20 pratenici.Onoj Deli neka ne ceka nekakvo resavanje na sporot za imeto.Ovaa vlada,a i narodot nikogas nema da prifatat dodavka na imeto na drzavata.
Од: od nekoj
Датум: 06.06.2011 15:01:12
Ako sega e med i mleko vo Makedonija zasto ne se vratite od tugina pa da ziveete tuka!?
Од: socijalka
Датум: 06.06.2011 15:41:59
Do "Tupak od tugina" i site tupaci kako nego,sekoja cest na isklucocite koi poveke imaat razbiranje za sostojbata vo Makedonija.Ako sum socijalka sto treba da vegetiram?Ako te interesira za internetot "baravte-gledajte" eve ke ti kazam kompjuterot mi e specalen so rabota od 20 god i samo toa i specalov ovda,a sega sum nateret na mojata kutra bolna majka penzioner koja me izdrzuva.A za "tupak br.2" uste ednas ke kazam deka ic nemi e sram za komentarot zosto preku glava mi e od situacijava.Ucev fakultet za da imam podobar zivot a doprev do dnoto,a za rabota neka dojde nekoj od dijasporata i neka uspee da se zaposli ovde,ili pak vo kraen slucaj ke raboti po dvanaeset casa dnevno za 100-150 evra MESECNO.Eve "Goki" neka poveli tuka pa da nauci kako se zivee so sto evra tuka i togas ke vidime sto ke saka i za kogo ke glasa.
Од: stojan
Датум: 06.06.2011 17:29:51
Pobedija tepacite na studentite, pobedi Amdi Bajram, pobedi robovladetelot Zingo, pobedi vecniot student Vlatko Gorcev, pobedi familijata. Ama Makedonija izgubi.
Од: НИКОЈ - до тупак од туѓина
Датум: 06.06.2011 17:39:29
Тупак, тоа што коментираш стварно те прави тупак, треба да си ќутиш. Имам многу другари во таа туѓина, и знам од кои причини отишле таму. Не затоа што комунистите ги избркале од овде, него затоа што тупаци како тебе уживаат во својата удобност и ич не им е гајле за ништо, а се палат на М од Македонија, и затоа што постојат тупаци овде без грам мозок, а ти гласаш за нив. Ти земаш премиерска плата таму некаде во туѓина, а овде повеќето луѓе црнчат за твојата неделна заработка. И те молам тој еден долар што го двоиш за независна Македонија, задржи си го за во МекДоналдс, а Македонија е одамна независна..
Од: do SDSM od VMRO
Датум: 06.06.2011 18:04:42
Kako sto ednash kaza Akademik Igor Janev: Branko Crvenkovski e intelektualno i profesionalno eden od najslabite polu-pismeni politichari vo RM. Toj e chovek bez elementarna kutura i pismenost . Bez doblest i sovest. Teshko na Makedonija so takov bezvezen chovek
Од: trpe do tupakot od tugjinata
Датум: 06.06.2011 18:17:14
ne ni pracas pari na nas tuka tuku na tvoite da preziveat tuka od prvi do prvi ilida imaat pari za do bolnica a pomostaa premadrzavata znaeme dadov 10 dol' popametno e da ne se javuvas ida ni kazuvas sto e dobro a sto loso ako ne vrati se nazat tuka tupak eden

Најди! во Утрински
На прво место
Ѓорчев
На „Бихаќска“ атмосфера на исчекување
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Ме радува зашто гласањето се одвива мирно
Иванов
Шекеринска
Ахмети
Лекции од гласањето во Грција

"""