Шекеринска: Да победи најдобриот
Кандидатката за премиер на СДСМ, Радмила Шекеринска, своето право на глас го оствари во населбата Карпош.
Шекеринска очекува изборите да поминат во фер и демократска атмосфера и граѓаните масовно да излезат на гласање. „Денешниов ден им припаѓа на граѓаните на Република Македонија, кои очекуваат и од нас како политичари и од државните институции да направат се' за овој ден да биде вистински празник на демократијата. Очекувам граѓаните масовно да излезат и да гласаат, да го дадат својот глас за оние што сметаат дека ќе дадат подобра иднина и повеќе можности за сите граѓани. Она што е најважно денеска е изборите да течат мирно и демократски во фер атмосфера во која најдобриот ќе победи“, изјави Шекеринска по гласањето. |