Ахмети: Чиста десетка
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека посакува демократска атмосфера. „Би сакал овој процес да се одвива во демократска атмосфера. Граѓаните да излезат на гласање и на мирен начин да го остварат своето демократско право, односно да гласат за оние за кои мислат дека ќе ги бранат најдобро нивните интереси“, изјави Ахмети по гласањето. Досегашниот процес на гласање тој го оцени со „чиста десетка“. „Во целата држава до овој момент изборниот процес се одвива сосема нормално. Би сакал така и да продолжи се' до 19 часот кога и ќе заврши гласањето. Се надевам дека сите фактори во овие избори ќе ја прифатат волјата на гласачите“, истакна Ахмети. (П.Р.) |