Излетано возило уништи ограда во центарот на Скопје
Тешка сообраќајна несреќа се случи викендов на булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје. Возачот, кој најверојатно возел со голема брзина, изгубил контрола над автомобилот „алфа ромео“ и удрил во заштитната ограда меѓу двете ленти. За среќа, при силниот удар не се повредени ниту возачот ниту неговата сопатничка. Настрадаа само оградата и зеленилото, а сообраќајот по булеварот неколку часа беше отежнат. (Ј.К.)
|