Брoj 2702  вторник, 03 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

На 26. роденден се удавил во Охридското Езеро

ОХРИД - Роденденската прослава за 26-годишно момче од Тетовско заврши кобно, откако завчера се удави кај Канео во водите на Охридското Езеро. Случаен минувач, завчера околу 15,30 часот го извлекол на брегот безживотното тело на Дарко Глигоровски од селото Радиовце. Момчето со чамец било донесено на градското пристаниште, а потоа и во охридската болница, но за животот на Дарко било доцна.

Глигоровски бил со своите другари на плажата Канео и сакајќи да се олади од сонцето, скокнал во студената езерска вода. Според докторите, наглата промена на температурата е причина за смртта на момчето.

Инаку, Глигоровски бил банкарски службеник, а во Охрид дошол да го прослави својот 26. роденден. (С.И.)


Статијата е прочитана 1119 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Излетано возило уништи ограда во центарот на Скопје
Цистерни со сомнителна хемикалија стојат на Блаце
Средношколци повредиле ученик со нож
Закажано судењето на прилепските бомбаши
Вработен во „Благој Ѓорев“ украл 6.000 евра
Го застрелал со ловечка пушка зашто и' додевал на сопругата