Вработен во „Благој Ѓорев“ украл 6.000 евра
Вработен во велешката фабрика „Благој Ѓорев“ украл околу 357.000 денари од наплатата за производите на фабриката. Според МВР, велешанецот П.Ѓ. (43) побарал од фирмите - должници парите да ги плаќаат кај него. Потоа, половина од парите уплаќал на сметката од фабриката, а половина задржувал за себе.
Министерството за внатрешни работи против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело послужување во службата. (Ј.К.) |