Брoj 2702  вторник, 03 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Го застрелал со ловечка пушка зашто и' додевал на сопругата

Љупчо Крстев од Орешје се бори за живот, во него пукал Добре Златкоски од Алинци

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Добре Златкоски (35) од Алинци, Битолско, е осомничен за кривично дело убиство во обид, бидејќи завчера околу 21,30 часот, бранејќи ја честа на својата невенчана сопруга, во близина на сточниот пазар во Прилеп со ловечка пушка стрелал во Љупчо Крстев (36) од Орешје, Велешко, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Крстев е итно пренесен на Хируршката клиника во Скопје и е во животна опасност.

Според информациите, Ружа Цветкоска (37) од Росоман, која во Прилеп живеела во вонбрачна заедница со Златкоски, му се пожалила на сопругот дека поранешниот познајник Крстев и' досадува по телефон. Таа, вечерта му закажала средба на пријателот на мостот кај сточниот пазар, но на средбата место неа отишол Златкоски. Вооружен со ловечка пушка, за која имал дозвола, тој испукал два патрона во Крстев, а потоа заминал ноќна смена на работа, бидејќи работел како фурнаџија.

Повредениот успеал некако да се довлече до портирницата од магацините на ГП „Прилепец“ и побарал помош од стражарот, кој случајот веднаш го пријавил во полиција.

„Пациентот е примен со повеќе прострелни рани во пределот на стомакот, градите и рацете. Откако е реанимиран на Одделението за интензивна нега, во свесна, но тешка здравствена состојба е испратен на хируршките клиники во Скопје“, информира д-р Сашо Димитриоски од Градската болница во Прилеп.

„Златкоски е приведен. Тој признал дека го извршил делото. Против него ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола.

Златковски, веројатно, ќе заврши во притвор, а истрагата продолжува.


Статијата е прочитана 608 пати.

Испрати коментар

Од: andre
Датум: 03.06.2008 13:28:56
dobro mu napravil sto zdod mazena zena.
Од: Pirin
Датум: 03.06.2008 13:56:32
kuckata ako ne mrdne so opaskata kucinjata ne doagaat, toa e izreka od narodnata mudrost, i sto sega on misli kako ke ja brani nezinata cest koga ke bide vo zatvor edno 7 godini ako negovata zrtva ostane vo zivot a ako ne ostane togas neka smeta edno 12 godini, vernata ne vencana sopruga ke go zaborai .
Од: jory
Датум: 03.06.2008 14:32:14
div zapad otsekade.Izbori,lubav-nema veze-pucane,pucane.Ehh- opazi boje vakvi da idete u EU ili Nato.
Од: Sony
Датум: 03.06.2008 16:59:38
do tebe andre so se naruvas : taka tebe da ti pukat ili na nekoj tvoj zosto veslis arno mu napravi , ima drugi nacini na koi mozi da se razresi toa ne treba da ima nasilstvo , ti velam tebe da ti pukat taka da vidis dali e dobro selanec ,

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
На 26. роденден се удавил во Охридското Езеро
Излетано возило уништи ограда во центарот на Скопје
Цистерни со сомнителна хемикалија стојат на Блаце
Средношколци повредиле ученик со нож
Закажано судењето на прилепските бомбаши
Вработен во „Благој Ѓорев“ украл 6.000 евра