Средношколци повредиле ученик со нож
Ученик во прва година во средното училиште "Здравко Цветковски" во Скопје, вчера бил нападнат и повреден од негови врсници. Според МВР, шестнаесетгодишниот М.Р. од скопското село Долно Свиларе околу осум часот пред училиштето бил пресретнат од тројца тинејџери, од кои засега е познат единствено идентитетот на Л.Р. (16) од Кондово, ученик во гимназијата "Зеф Љуш Марку". Ученикот прво бил нападнат со тупаници, потоа за кратко успеал да побегне, но двајца од напаѓачите го стасале и едниот од нив со нож го расекол на вратот. Повредениот ученик веднаш бил пренесен во Воената болница. Според МВР, напаѓачите и ученикот заедно учеле во основно училиште, а што било причина за инцидентот ќе се утврдува дополнително. (Ј.К.) |